Во летото 2020-та Лучано Спалети објави фотографија од неговиот имот „Ла Римеса“. Седнат под дрво и опкружен од богата колекција дресови.
Овој имот се наоѓа близу тосканското градче Монтајоне. Лучано го купил со брат му Марчело во 2008-ма година. На имотот има виногради и маслинови насади и неколку куќи за гости кои имаат по пет соби.
Од овој имот Ла Римеса се нуди прекрасен поглед на ридовите и шумите над Монтајоне.
Роден во Тоскана, Лучано Спалети за својот роден крај рекол:
„Сиена, Фиренца и Сан Џиминјано се три града кои мора да се посетат за да се запомнат засекогаш. Јас сум љубител на природа. Ако сте и вие, тогаш Тоскана е рајот. Контакт со природата буди во мене посебни чувства. Во светот има многу прекрасни места, но јас сум врзан за својата земја. Имам три дома во Тоскана. Живеам во Кампања, во село. Таму имам земја на која растат виногради и маслинови гранки.
Во близина е шумата, близу местото. Таму трчаат елени, лесно може да налетаат и диви свињи. Имам јас седум ловџиски кучиња“.
На имотот Спалети има не само кучиња, туку и коњи.
„Тие ми помагаат подобро да се концентрирам и да ги донесам правилните одлуки“, рекол Лучано во летото 2020-та.
„Тренирав неколку коњи, сега можам да ги јавам низ полето. Горд сум на тоа. Во животот или си возач или си патник. Очигледно е штом се излезе на терен дека треба да се бориш. Сакам екипи кои се обидуваат да се борат со секој противник“.
На неговиот имот има и магариња, кози и секако кокошки и петли.
Семејството Спалети заработува од имотот, го издава сместувањето, воглавно на Германци и Австријци и продава вино. Братот на Лучано кој починал во 2018-та, раскажал еднаш дека семејството флашира две сорти: Abbabbo Carlo и Conlucio sette. Првото произведено вино го нарекле Papa Carlo во чест на таткото на Лучано и Марчело кој починал во 1984-та. А второто го нарекле: „Заедно со Лучо седум“ и не се знае што стои зад бројката.
Спалети имал две компании (Rimessa srl и Safe) во кои има околу 80% сопственост а останатите 20% биле на неговата сопруга. Тој вели дека тоа е се за душа: „Секако, не е тоа за некаков бизнис, просто тоа е моја страст со која сакам да се занимавам. Правам таму се со свои раце, апсолутно се. Градам, копам, садам. Јас сум тренер, но се друго можам да направам навистина добро. Лесно е да ме оставиш таму. Кога сум во Италија времето го поминувам само во Монтајоне“.
Ова го правел пред да потпише договор со Наполи.
ГО ЧУВА ДАБОТ КОЈ ГО ПОСАДИЛ ТАТКО МУ, А ВО ЧЕСТ НА БРАТ МУ ПОСТАВИЛ ОГРОМНИ ФИГУРИ
Лучано до ден денес го чува и негува дабот кој татко му на времето го посадил.
„Тишината на овие ридови е најпрекрасно нешто на свет. Овде можете да најдете мир и да размислите за следните одлуки. Се чувствуваш како монах во манастир. Моето семејство сонуваше за таков имот - посебно татко ми кој секогаш сакаше да има винарија и да прави сопствено маслиново масло“.
Сега на влезот на имотот има статуи од Марчело и Карло кои стојат да ги поздрават луѓето на влезот. „Ги направивме во чест на татко ми и брат ми. Тие се како чувари на ова место“.
Мајката на Лучано, Илва, постојано живее во куќата. Таа вели дека Спалети поставил многу камери на имотот за нејзина безбедност. „Не ми се допаѓа тоа, но морам да трпам. За него е важно да знае дека сум добро дека ништо не се случило.“
СПАЛЕТИ Е СТРАСТВЕН КОЛЕКЦИОНЕР, ИМА ИЛЈАДНИЦИ ДРЕСОВИ ОД МНОГУ ИГРАЧИ
Неодамна Спалети ги пуштил новинарите во својот дом во Тоскана и покажал огромна, неверојатна колекција на фудбалски дресови. Има два од Меси, Роналдо, Батистута, Кака.
„Собирам дома дресови за сеќавање. Во мојата колекција имам дресови од играчи кои влегоа во историјата. На пример Бекам, Малдини, Канаваро, Батистута. Најдраги ми се оние од играчите на Наполи, толку многу ги сакам што не можам да тргнам поглед. Исто и дресовите на Де Роси, Салах и Кулибали“.
Посебно драг рекол дека му е дресот на Франческо Тоти без разлика на големиот конфликт меѓу нив двајца кога му беше тренер во Рома.
„Ги имам сите дресови на Тоти. Он беше најважен играч. Неговите карактер и сила многу ни помогнаа за време на натпреварите. Ги имам сите негови дресови, дури и оној кој му го подарија кога беше повреден. На неа се напишани сите желби од цела екипа. Тоти е еден од тие за кој не треба да се зборува. Он просто ја влечеше екипата“.
ИМА ЕДНА ЧУДНА СТРАСТ - СОБИРА СТАРИ ЧЕКАНИ
Фудбалот не е единствена страст на Лучано Спалети. Тој собира и стари чекани.
„Имам свои страсти. Некој колекционира стари коли, некој собира чаши. Јас собирам чекани. Тој предмет ми се допаѓа најмногу од сите. Старите чекани имаат една голема посебност - сите се изработени рачно, сите имаат некоја разлика. Тие што се направени машински не ме интересираат. Ако кажам колку имам, луѓето ќе помислат дека сум луд. Повеќе од илјада може“, вели Спалети во интервју за AntePrima24.it.
Новинарите забележале и дека чува исечоци од весници и фотографии од разни етапи во неговата кариера.