И покрај тоа што на клупа го имаше италијанскиот напаѓач Џакомо Распадори, кој игра на иста позиција со повредените Осимен и Симеоне, Спалети против Милан се одлучи со Елмас како лажна 9-ка.
Македонскиот репрезентативец доби премалку топки или речиси ич, освен онаа нафрлена на Кварацхелија кога со влакно не постигна гол, но затоа се бореше и истрча многу.
Тоа одлично го увиде и стратегот на Наполи кој му го пофали настапот.
„Им честитав не на моите момци, туку на моите професионалци кои се исклучително добри. Елмас притискаше да не можат никогаш да ги почнат акциите лесно. Истрча многу и им ја комплицираше секоја конструкција, па мораа често мораа да кружат широко со топката. Имаше помалку шанси за гол отколку еден напаѓач, но ги принуди да не можат да играат многу течно. Тоа го правеше со константен и избалансиран притисок. Со помалку притисок Милан ќе добиеше повеќе простор за игра. Очекував ваков натпревар. Не жалам за ништо. Пристапот беше исправен“.
Осимен?
„Постојат 100% шанси дека ќе го имам на располагање на реваншот, без да го ризикувам во сабота“.
Разочараноста на Спалети од навивачите на првенствениот пораз од Милан, кој вети дека ќе си замине дома ако им се повтори..
„Не знам каква ќе биде атмосферата на Марадона, но бев тажен од тоа што го видов на стадион против Милан во првенство каде игра тим кој ја освојува титулата, која не е освоена 33 години. Да гледате како протестираат секој против секого е нешто што нема никогаш да успеам да го разберам. Ќе го носам со себе засекогаш, затоа што е необјасниво. Ако се случи и на реваншот, ќе си одам дома“.