Сите голови на Пандев против Буфон

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев низ кариерата неколку пати го натера најдобриот голман на светот да ја вади топката од својата мрежа. Четири пати во дресот на Лацио и еднаш како играч на Наполи. И секогаш му даваше убави голови. Нека биде така и вечерва од 20:45 во Торино.

Најубавиот гол во кариерата кога го зачуди светот, Пандев како играч на Лацио го постигна против Јувентус. Ја нанижа тогаш неверојатната одбрана на Јувентус со Канаваро и Турам и го испружи Буфон на земја:

Му даде два гола на Буфон и во поразот на римскиот клуб од Јувентус 2-3:

Најпознатиот Струмичанец на светот постигна прекрасен гол против Буфон и во Купот на Италија како играч на Лацио:

Џиџи немаше раат од Пандев ниту кога нашиот фудбалер заигра за Наполи па му даде гол во Супер Купот на Италија: