Шведска го згроми Тунис 5:1, два гола даде Тунижанец

22-годишниот Јасин Ајари е јунак на вечерта. Тој постигна два убави гола на мечот против Тунис, земја на потекло на неговиот татко па затоа не ги славеше головите во знак на почит. Мајка му е Мароканка и работи во клубот каде Јасин фудбалски раснел.

Репрезентацијата на Шведска после Германија (7:1 против Курасао)  беше најефикасна во досегашниот тек од Светското првенство. Швеѓаните кои на Мундијалот дојдоа едвај преку Лига на Нации откако во традиционалните квалификации за Светско освоија само 2 мизерни бода.

Но сега се многу залетани и веќе многумина ги гледаат во следна фаза.

Швеѓаните мошне лесно, во својот „викиншки“ стил го развалија Тунис со 5:1.

Стрелци на головите беа Јасин Ајри 2 пати, Александер Исак, Виктор Ѓокереш и Матијас Сванберг. За Тунис единствниот погодок беше дело на Омар Рекик.

Јунакот на триумфот, Јасин Ајари, 22-годишниот фудбалер на англиски Брајтон игра во средниот ред како играч за врска. Тој потекнува од школата на Аик од Солна, предградието на Стокхолм, клуб во кој работи неговата мајка и тренира неговиот помал брат.

Јасин Ајари од Аик премина во Брајтон во 2023-та година во трансфер вреден 4 милиони евра а потоа беше на позајмици во Ковентри и Блекбурн.

15 јуни 2026 - 09:31