Јоги Лев ја завршил играчката кариера во втората швајцарска лига. Во Шафхаузен после натпреварите тој обично излегувал од соблекувална после другите соиграчи. Новинарите подолго чекале кога Германецот исправен и со внимателно замотана марама околу вратот ќе излезе. Но чекањето вредело.
Неговите критики станувале цели цитати, можел комплетно да ја разложи секоја епизода и што е најважно пристапно и интересно пренесувал што мисли за играта.
Играчите во швајцарската втора лига на крајот од ’80-те биле полу-професионалци и комотно можеле да се занимаваат со нешто друго покрај фудбалот. Градинари, монтери, шофери. Во последната година од играчката кариера Лев работел во друштво на луѓе кои ни од далеку не изгледале на фудбалери.
Како и другите, така и поранешниот напаѓач на Фрајбург морал да најде дополнителен извор на заработка.
Станал трговски агент, платата од клубот не му стигнувала а морал да го оддржува семејството. Од понеделник до петок Лев во неприметна канцеларија на шпедициската фирма Danzas Transport AG редел документи, а попладне одел на тренинзи на ФК Шафхаузен.
Не било тешко затоа што компанијата била спонзор на локалниот клуб. Во таков режим Јоги живеел три години а во Шафхаузен ја “раситнил“ 40-та. Неговиот соиграч Аксел Том кој работел заедно со него во компанијата, раскажувал дека Лев во канцеларија бил многу тивок и практично не зборувал ништо но на теренот невозможно било да престане да зборува.
Шафхаузен е инаку мал град на самиот север од Швајцарија со население од 30.000 жители, така што многу колеги на Јоаким од работа биле и навивачи на клубот.
Секојдневието му изгледало вака:
- Еј Том, здраво! Земи ги фактурите за робата од пристаништето. Што има инаку, како оди?
- Добро е Јоги, стандард. Со кој играте следно коло?
- Со Волен, во сабота. Ќе дојдеш?
- Без проблем. Ќе ги соберам после работа пријателиве, ќе нагазам 240 на час и ќе го стигнеме вашиот автобус. Без гајлле, ќе имате поддршка.
Том Гајсин работел заедно со Лев, свирел во метал-групата What The Hell и не пропуштил ниеден меч на Шафхаузен.
Од колегите на работа Јоаким Лев најмногу се сеќава на некој млад дечко кој носел бордо јакна Фред Пери и секој петок безуспешно го убедувал да дојде со него да гледаат меч од Бундеслига во Германија. Јоги секогаш тактично му откажувал. Но радосно прифаќал разни други активности кои му ги предложувале. Заедно со Аксел Том на почетокот на ’90-те отвориле своја фирма за производство на вратоврски и машни.
Се обидувале да направат голем пазар со шарени кравати во разна тематика (тогаш во мода биле најшарени можни). Тогаш им текнала идеја: се дговориле со Јавниот градски превоз сите нивни возачи на работа да носат исклучително нивни вратоврски и така да ги рекламираат на патниците.
Лев и Том неретко правеле кравати со ликот на Мики-Маус или Тони Монтана (и двајцата биле фанатици по филмот „Scarface“). Некогаш и оделе пред трговскиот центар и таму го отворале багажникот од колата и продавале.
На крајот на 1990-та да го спасува Шафхаузен од испаѓање бил назначен Ролф Фрингер, човекот кој бил три години постар од Лев и кој во клубот бил играч и тренер.
Токму Фрингер му ја „претумбал“ позицијата од играч во тренер на Јоаким Лев и е најголем „виновик“ што овој засекогаш ја засакал професијата. Ефектот од нивната работа бил видлив затоа што во мал провинциски клуб и најмалата промена се гледала.
Јоги тогаш бил капитен на екипата и продолжена рака на тренерот на теренот. Во тоа време најпрочуена била тактиката на Ариго Саки со Милан кој ги модернизирал стоперите, па така Фрингер и Лев почнале да напаѓаат и да се бранат со 10 играчи. Лев учел нов занает, влечел заклучоци, барал начин да ја трансформира екипата и научил многу нови нешта за тактиката.
Шафхаузен набрзо станал еден од највозбудлите тимови за гледање. Ако до тој момент Јоаким Лев се сомневал што ќе прави во животот после фудбалот по крајот на играчката кариера, сега веќе знаел дека тренерска лиценца му е приоритет.
„Тие три години во Шафхаузен се најубавото време во мојот живот. Од никој човек во животот не научив толку многу колку од Фрингер. Бевме генерациски близу но јас секој ден учев од него маса нови и интересни информации за психологијата на играчите и тактиката. Не забележав како во нашата екипа се појавуваа класни фудбалери“.
Во Шафхаузен Лев му бил тренер на 18-годишен играч роден во градот кој играл многу зрело на позицијата либеро, а после 22 години тоа дете се трансформира во голем тренер кој му донесе победа на Челси во Лигата на шампионите.
Во 1992 завршил прекрасниот престој на Лев во Шафхаузен, неговиот тренер Ролф Фрингер отишил во Арау и сензационално ја освоил титулата уште во првата сезона, а Лев прифатил да го тренира Винтертур и го зел со себе стариот добар другар Аксел Том. Три години подоцна Фрингер го викнал Лев со него во Штутгарт да му биде асистент.
За некоја година Јоги во улога на главен тренер на „Швабите“ го освои Купот на Германија. Испитот бил успешно положен а потоа патот го однесе во Истанбул каде беше тренер на Фенербахче а потоа и на Аданаспор.
Големиот успех кој го направил бил резултат на 3-годишниот тренерски занает на Лев во швајцарското градче. Денес Јоаким Лев е најдобриот светски селектор кој со Германија освои Светско првенство и Куп на Конфедерации.