Монако се обидува да ја напушти летаргијата во која живеел нурнат во последните децении со имплантација на еден од најпознатите шпански модели, развиен од страна на Виљареал. Тој модел го практикуваше Антонио Кордон кој како спортски директор во период од 17 години, беше клучен елемент во шпанскиот прволигаш.
Кордон беше најзаслужен за растот на многу играчи како Сантијаго Казорла, како и за сите добри засилувања направени во Виљареал. Неговата последна операција беше продажбата на Ерик Бејли во Манчестер Јунајтед за 35 милиони евра.
Мадриѓанецот совршено го познава француското првенство, европските лиги, како и фудбалот во Јужна Америка. Во текот на овие години има развиено моќна мрежа на контакти и од јули 2016-та своите знаења и експертиза ги стави во служба на Монако. Клубот од него за кусо време сфати што е посветеност и професионализам.
Монако се врати како град. Ексклузивен простор за мултимилионери каде еднособен стан не паѓа под 8.000 евра месечно и каде за да купиш стан ти требаат барем 2 милиони евра. Цената на квадратен метар е до толку висока, што нема ниту помошни фудбалски игралишта. Фудбалот се обидува да им го врати чувството на гордост на луѓето кои живеат таму. Стадионот Луис Втори изгледа кул, но се исполнува неколку пати во сезоната, ако работите се одвиваат добро.
Ла Турбие е мало селце во близина на Монако кој го има дадено своето име на спортски клубови. Се работи за функционално и изградено село, но таму освен што е ладно, нема ништо друго. Доминираат сивата и жолтата боја и тоа не е штит на клубот.
Изненаден од закоравеноста, една од првите мерки на Кордон беше да направи инсталација, да испрати силни пораки во соблекувалната и да ги направи црвената и белата доминантни бои. Рускиот милијардер Димитри Риболовљев го купи Монако во 2011-та, но откако му се случи развод тежок 550 милиони евра, крена рачна со правењето скапи трансфери.
Неговата ќерка е менаџер и фан на Монако, но тежината паѓа на Вадим Васиљев кој е потпретседател на клубот. Кога виде дека инвестициите не се гаранција за резултати, минатото лето одлучи да им даде предност на политиката на ентитетот и професионализација на сите оддели. Во тоа сценарио стапи во контакт со Антонио Кордон.
Шпанецот стана спортски директор на местото на Луис Кампос, португалски техничар кој работеше со Жозе Мурињо во Реал Мадрид. Иако ја вршеше функцијата на спортски директор, Кампос сакаше да седи на клупа и да му дава инструкции на тренерот Леонардо Жардим.
Но работите се променија. Доаѓањето на Кордон значеше свежина во клубот. Тој направи целосна реорганизација во сите сектори на клубот, ја засили нивната комуникација и ги поттикна сите да работат на промоција на клубот.
Една од неговите мерки беше и воведување нутриционист бидејќи според него исхраната има голем удел врз настапите на играчите. Контролата на тоа што јадат фудбалерите оди дотаму што нутриционистот Жуањо Морилас вечера во куќите на играчите и им објаснува на нивните девојки колку е важна здравата исхрана на нивните партнери.
Во областа на скаутингот и анализирањето на противниците го ангажираше Диего Перез, Аргентинец кој го знае од времето во Виљареал. Една од неговите големи иновации е тоа што има поставено еден вид на скаут кој работи исклучиво во клубот.
„Тоа е добро и интересно бидејќи добиваме директни и комплетни информации и речиси дневни информации за секој играч за работи што не интересираат“, вели Кордон кој смета и дека треба да се отворат вратите на африканскиот пазар со образложение дека Франција е лига која се вклопува многу добро со нивните карактеристики.
Затоа праќа човек кој седи на тој континент шест месеци, патува од земја во земја и собира комплетни податоци од тоа што го гледал. Скаутот прави извештаи за одредени играчи и ја следи нивната еволуција. Ако играчот ги задоволува утврдените барања за квалитет, тогаш тој ќе биде ангажиран.
Еден од проблемите со потпишувањето на играчи од Африка во Франција е тоа што 18 годишниците мора да бидат во прв тим.
Во меѓувреме додека за клубот се работи и однадвор, аналитичарите работат во своите соби и се во постојаната врска со Ла Турбие каде има тренираат младите, како и со институционалните канцеларии инсталирани во Јул Втори.
„Ние сакаме да работиме како тим, мораме да имаме течна комуникација и да направиме сите вработени да имаат удел во успехот на тимот“, вели Кордон кој во декември минатата година организираше натпревар меѓу тренерите и вработените во клубот за да се одржува хармонија меѓу одделенијата.
Потоа следуваше правење скара со која ги изненади сите. Новиот Монако со не многу голем руски капитал и шпански мозок сезонава е хит не само во Франција, туку во цела Европа. Со стратегијата на Кордон кој не е ниту една година во клубот, Монако е во игра на четири фронта.
Синоќа го урна големиот Манчестер Сити и стана првиот клуб кој по примени 5 гола на првиот меч успеал да оди понатаму во нокаут фаза. Во францускиот Куп на 4 април ќе игра четвртфинале против Лил, а три дена претходно финале во Лига Купот против ПСЖ.
Во домашното првенство, Монако не знае за доста со голови и по 29 кола е на страшна бројка од 84 кои го држат на првата позиција со три бода повеќе од ПСЖ.