
Јулија Шимиќ е една од поубавите германски фудбалерки која осум сезони настапува за Баерн Минхен. Родена е во Нирнберг, но има потекло и од Хрватска. Како една од најквалитетните фудбалерки ги мина сите младински селекции на Германија, а со своите 23 години настапува за сениорскиот тим.
Шимиќ во 2009 година го освои германското првенство, но нејзиниот предизвик се вика Трубине Потсдам, екипа која четири години по ред е шампион во Германија, но и двократен освојувач на Лигата на шампионите.
Таа ги изненади своите 80 000 фанови на фејсбук со договорениот трансфер за идната сезона, но изјави дека во кариерата и е потребна нова авантура во која ќе може да ги покаже своите квалитети и на натпреварите од најелитното клупско европско натпреварување.
За тимот на Турбине Потсдам веќе 2 години настапува нашата најдобра фудбалерка и репрезентативка на Македонија, 19 годишната Наташа Андонова.