Стартот на 22 издание од најелитната фудбалска лига во Англија започна во знакот на Арсен Венгер кој се закани дека ќе атакува на титулата, но на крајот за неа се бореа Сити, Ливерпул и Челси, а се радуваа „Граѓаните“.
Како што му доликува на едно од највозбудливите и најквалитетни фудбалска лиги во светот, трката за титулата се водеше до последното коло. На крајот се радуваше богатиот дрим тим на Сити, а тагуваа Норич, Фулам и Кардиф кои се преселија еден ранг подолу.
Сезонава во Премиер лигата видовме 1052 голови и 333,255 додавања, а најефикасни беа Манчестер Сити и Ливерпул со 102 и 101 гол. Со две признанија за најдобар стрелец и најдобар играч заслужено е прогласен Суарез кој ја одбележа сезоната со 10 рекорди.
Најмногу асистенции направил неговиот колега Џерард, вкупно 13, во просек најкорисен асистент бил Силва, а со 132 дриблинзи најмногу си поигрувал Азард. Најдобра одбрана имале фудбалерите на Челси кои примиле само 27 голови, за разлика од Ливерпул кој е осми на оваа табела.
Во тимот на сезоната, од Ливерпул има четворица играчи, а од шампионот ниту еден, но тие може да се пофалат со извонредната сезона на Јаја Туре, кој како фудбалер од средниот ред е најдобар стрелец во тимот со 20 голови, како и најпрецизен додавач на топки во лигата со 90,1% успешност.
Во англиското првенство беа направени девет тренерски смени, а во таа конкуренција двајца стратези се закитија со награди. Предводникот на Кристал Палас за најдобар во Премиер лигата, а Брендон Роџерс во Англија.