САД се најголемо изненадување на Светското, сега ги чека Босна и Херцеговина

Репрезентацијата на САД прилично неочекувано е меѓу селекциите кои покажаа најмногу на Светското првенство. Екипата предводена до Маурисио Почетино одважно ја помина групата со убедливи победи над Парагвај (4:1) и над Австралија (2:0).

Некои би рекле дека на САД им се падна лесна група, но Мундијалот покажа дека лесни групи нема. Австралија, Турција и Германија се изнамачија со Парагвај, а САД на оваа јужноамериканска репрезентација им дадоа три гола глатко уште во првиот дел. Потоа лесно се справија и со Австралија која има исто силна и дисциплинирана одбрана.

Да, Американците изгубија од Турција но на тој натпревар имаа мешан состав со повеќе резервисти од почеток и притоа имаа многу шанси на тој дуел.

Сега ги чека Босна и Херцеговина во нокаут фазата. Сценариото би можело да биде исто од претходно кога САД налетуваа на тврди одбрани.

ПОЧЕТИНО ОДЛИЧНО ГИ РАСПРЕДЕЛИ УЛОГИТЕ

Селекторот на Америка Маурисио Почетино постави напаѓачка формација во рамки на можностите на играчите. Користат формација 3-4-3 во напад со Кристијан Пулишиќ како крилен напаѓач а подоцна после неговата повреда играа 3-5-2. И обете формации одлично им легнаа.

Бековите Тим Рим и Александар Фриман се адаптираа на одбрана во три: 38-годишниот Рим така добро се штити од контранападите, а Крис Ричардс е навикнат на 3-4-3 во Кристал Палас.

Офанзивните бекови Ентони Робинсон и Сержињо Дест храбро шпартаат напред, создаваат ширина, ја растегнуваат противничката одбрана и одат горе високо.

Во средниот ред Тајлер Адамс и Малик Тилман се диригенти од длабочина. Тие често прават вишок со крилото Пулишиќ и 10-ката Вестон Мекени. Адамс останува поблиску до стоперите а Тилман често им се придодава на Пулишиќ и Мекени.

Токму фудбалерот на Јувентус е главна карика во екипата која ги спојува одбраната, средниот ред и нападот. Тој е главен автор на позиционите напади.

Централниот напаѓач Фоларин Балогун се отвара, бара топка и самиот ги завршува нападите. Тој е најдобар стрелец на САД.

Американците реактивно напаѓаат по крило, често прават вишок играч во средниот ред а најопасно оружје им се транзициите зад грбот над противничката одбрана. Почетино има неколку комбинации, тој разви триаголници меѓу Дест/Фриман/Адамс, Пулишиќ/Робинсон/Рим и понекогаш Тилман.

Маурисио Почетино е и одличен мотиватор. Една од неговите пораки на ѕидот во неговиот кабинет гласи: „Добро расположение може да го смени натпреварот уште пред почетокот“. Тој седна на клупата на САД откако оваа репрезентација испадна од групната фаза на Копа Америка 2024. Тогаш екипата се фокусираше само на ѕвездите во составот. 

Аргентинскиот тренер создаде конкуренција и посеа дух на ривалство во екипата и секој сфати дека местото од старт не му е гарантирано туку мора да се бори. Почетино често водел лични разговори со секој играч посебно. Сака да дознае повеќе за приватниот живот на фудбалерите, за нивните семејства и работи надвор од теренот. Во тие разговори дознал дека дел од играчите се религиозни па после секој натпревар се собираат во круг и кажуваатм олитва.

Тој ги сплотил играчите.

БИХ СЛЕДЕН ПРЕДИЗВИК

САД се фаворит но нема да биде така лесно. Американците уште не налетаа на потежок ривал и не се доведоа во ситуација да мора да бркаат резултат. Најмногу покажуваа во првиот дел од средбите со Парагвај и Австралија. Не се знае каква ќе биде реакцијата на играчите на Почетино ако примат први гол.

Босна знае да игра во формација 6-2-2 и трпеливо да чека. Тие се непријатен ривал за која било репрезентација која нетрпеливо сака што поскоро да ги отвори и да им даде гол. Но САД имаат инструменти за тоа: крилни напади, комбинација во средина, центаршути од страна.

1 јули 2026 - 16:00