Рибери со навивачки синдром

Најголемите и најупорните навивачи често пати сакаат радоста за победата да ја споделат од близу со своите омилени играчи, но можноста за такво нешто е ретка. Погледнете како Франк Рибери со раширени раце пречека еден од навивачите на Баерн, кој потоа доби гушка од речиси сите херои кои ја урнаа Барселона.

Радоста на среќниот навивач кратко траеше, но Рибери повторно најде начин како да го усреќи и во моментите кога на сцена стапи обезбедувањето.

2 мај 2013 - 13:38