Реал се спаси, Челси го реши ПСЖ

Борусија Дортмунд се наоѓаше на чекор до изненадување против Реал Мадрид, но не успеа да ја надомести негативата од првиот натпревар. Во полуфиналето се пласираше и четата на Мурињо кој го надитри ПСЖ.

Борусија Дортмунд - Реал Мадрид 2:0 (2:0)
Ројс 24, 37

Реал Мадрид имаше шанса да го обезбеди пласманот во полуфиналето уште во 17-та минута, но Вајденфелер го одбрани пеналот на Ди Марија.

Набргу стигна казната откако Марко Ројс искористи две грешки на одбраната на Реал и Борусија Дортмунд на полувремето имаше предност од 2:0.

Но во вториот дел Борусија не успеа да постигне уште еден гол и на крајот прослави пирова победа над екипата на Реал Мадрид која на првиот натпревар победи со 3:0.

Челси - ПСЖ 2:0 (1:0)
Шурле 32, Ба 87

ПСЖ не успеа да ја задржи предноста од 3:1 од првиот натпрвар. Челси ја оствари посакуваната победа и се пласираше во полуфиналето. Домаќините поведоа со голот на Шурле во првиот дел, а конечниот резултат во финишот го постави Ба.