ФИФА им донесе забрана на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид да не можат да купуваат играчи во следните два преодни рокови со образложение дека ги прекршиле правилата за трансфери и регистрација на фудбалери под 18 години.
Казната ќе стапи во сила и ќе се однесува во летниот период за трансфери оваа година и на зимскиот период во 2017-та.
Истрагата на ФИФА покажала дека Атлетико Мадрид ги прекршил правилата со тинејџерите во периодот од 2007-ма до 2014-та година, а Реал Мадрид за периодот меѓу 2005-та до 2014-та.
И двата клуба ќе треба да платат парични казни, Атлетико 622.000 фунти, а Реал 249.000.
Иста ваква казна Барселона доби во април 2014-та. Минатото лето Каталонците ги договорија трансферите на Туран и Видал кои смееа само да тренираат со тимот, а од овој месец добија право за настап.