„Прекрасна опсесија“, нов документарец - за Пеп Гвардиола во Сити

„Прекрасна опсесија“ се вика документарецот кој ги опишува последните две години на најдобриот тренер на денешницата Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити. Пеп размислувал дали да замине уште во ноември 2024-та но го продолжи договорот и остана уште 18 месеци да му помогне на клубот да освои уште трофеи. Сити во еден момент западна во тешка резултатска криза од која Пеп успешно ги извлече пак на прав пат.

„Луѓе, сакам да ви признаам нешто... Разведен сум од најубавата жена на планетата. Таа моја сопруга... Мојата поранешна сопруга. Ја сакам неверојатно! Но ја изгубивме нашата страст. Од многу причини ја изгубивме нашата страст. Ја сакам длабоко. Таа ме сака, но ја изгубивме нашата страст. И така се игра фудбал: играш за нешто што го носиш во себе, но каде е страста? Во животот, што и да правиш, прави го со сраст. Не сакам добри играчи, сакам играчи со страст“, вели Пеп Гвардиола.

 

 

18 август 2026 - 11:23