МЕСИ БИЛ СПРЕМЕН ДА ПОТПИШЕ НОВ ДОГОВОР СО 50% ПОМАЛА ПЛАТА, НО БАРСА ИМАЛА ПРОБЛЕМИ СО ЛА ЛИГА
Меси требал во четвртокот да потпише 4-годишен договор со 50% скратена плата. За тоа веќе имале усмен договор уште од средина на јули, пишуваа каталонскиот Sport.es и мадридска Marca.
За какви финансиски пречки и правила на Ла Лига зборува Барса во соопштението?
2. Од 2013-та година во Примера дејствува некој вид на „плафон“ за трошење во тимот. Ла Лига која се потпира на финансиска одговорност, определува колку секој клуб може да потроши на играчи и тренери а сè со цел рамнотежа меѓу клубовите.
Во сезоната 2019/2020 Барселона имала расходи за плати во висина до 671 милиони евра, а во постковидната 2020/2021 за плати трошеле 347 милиони евра. Тогаш многу каталонски медиуми пишуваа за радикален пад на платите во клубот од преку 200 милиони евра. Sport.es уште во јули прогнозираше буџет за плати во Барса меѓу 150 и 160 милиони евра, во рангот на Виљареал и Атлетико Мадрид.
3. Правилата ја принудиле Барселона да не троши многу на плати, односно управата морала да се избави од играчите со големи астрономски договори и да враќа огромни долгови кои оставил Бартомеу.
За Барса особено важело правилото 4:1 кое вели дека на секои ослободени 100 милиони евра за плата на играчи, може да се потрошат нови 25 милиони евра.
БАРСЕЛОНА НЕ САКАЛА ДА ГИ ПРОДАВА ЅВЕЗДИТЕ И СЕ ОБИДЕЛА ДА СЕ ДОГОВОРИ, НО ТЕБАС И ЛА ЛИГА СТОЈАТ НА СВОЕ
Раководството на Барселона сакало да ги почитува правилата но без да се избави од лидерите во тимот.
Поранешниот претседател Жозеп Бартомеу планирал да продаде 50% од уделот во компанијата Barça Corporate (медија бизнис, иновациони проекти, сопствена компанија за маркетинг - Барса сама управува со клупскиот фан шоп за разлика од многу клубови) за 500 милиони евра, но добил максимална понуда од 200 милиони и тоа било крајно тешка зделка.
Барселона во меѓувреме планирала да се договори со Ла Лига и нејзиниот претседател Хавиер Тебас за ублажување на правилата но не им прошло.
„Одлуката за Меси не зависи од мене туку од Барселона - како она ќе ја реши финансиската ситуација. Ние ќе бидеме среќни ако можат да го сочуваат Меси но јас тука не можам никако да помогнам“, рекол контроверзниот Тебас. Барса е против таквата строга политика на Ла Лига (чесно е да се признае дека шпанската Ла Лига инсистира на почитување прописи и дека не постои начин тие да се избегнат зошто преголемата потрошувачка го носи во опасност опстанокот на клубовите).
Соопштението на Барса за непремостливи пречки во однос на новиот договор со Меси може да се толкуваат и како политички притисок врз Хавиер Тебас кој во страв дека Ла Лига ќе ја изгуби најголемата ѕвезда (Кристијано е во Италлија, Серхио Рамос во Франција), ќе има милост и ќе ги ублажи правилата.
Такви теории на заговор има меѓу навивачите и меѓу новинарите. Во корист на таа теорија оди и една епизода: Барса која е обично многу активна во медиумите, објави сува, гола вест во која нагласи дека не постојат шанси за нов договор со Меси а еден час подоцна додаде само едноставно, обично седумминутно видео за збогум од својата најголема легенда.
Thank you, Leo. pic.twitter.com/cdS9xWe8Me
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 5, 2021
Важно е да се напомене и огромната, гигантска зделка на Ла Лига со инвестициониот фонд CVC: 10% од бизнисот на шпанската лига е продаден за 2,7 милијарди евра, а 90% од парите оди на сметка на клубовите. Проектот го нарекле „Импулс Ла Лига“ зошто со парите требале да го подигнат нивото на просечните, помалите клубови и аутсајдерите, со цел првенството да го направат посилно.
Барселона приходува најмногу од овој договор на Ла Лига - дури 253,81 милиони евра. Но да ги потрошат сите на нов договор со Меси им било забрането.
ЛаЛига веднаш им посочила дека според правилникот само 15% од сумата (во случајов со Барса тоа се 38 милиони евра) може да одат за плата на играч, уште 15% на гаснење долгови, а 70% на инфраструктура и нови технологии.
Но токму овој скап договор изненадно предизвика војна меѓу врвните клубови во Шпанија и Ла Лига.