Познати се новите учесници во ЛШ, сезона 2021/2022

12 елитни клубови од Европа ја создадоа Суперлигата и направија земјотрес во фудбалот, а планот е да учествуваат вкупно 20 клубови. На УЕФА и се стемни, но затоа Кочани е во транс.

Осогово испишува нова фудбалска историја и за градот и за мак фудбалот, а тоа што од ЛШ се откажува елитата нив ич не им чуе, туку напротив им годи, бидејќи УЕФА донесе инстантна одлука да им даде шанса на помалите клубови.

Новите учесници во сезоната 2021/2022 од Лига на шампиони се чуваат строго во тајност, но од Осогово имаат екслузива, а тоа е изгледот на групата Г.

Според нивни инсајдерски информации токму тие ќе се најдат во оваа група со уште три гиганти и тоа од Бугарија, Холандија и Италија.

Кочани спремај се.

На повидок е и сензационален трансфер во Осогово.

Повеќе за Суперлигата тука

19 април 2021 - 10:01