Последната минута и шампионското славје на Атлетико Мадрид

Драмата во Шпанија за титулата заврши со трилер во вторите 45 минути, откако и двете екипи од Мадрид губеа на полувреме и на крај триумфираа со пресврт. Победата на Реал беше пирова, а на Атлетико вредна титула број 11.

Со средбите Реал Мадрид - Виљареал 2:1 и Ваљадодил - Атлетико Мадрид 1:2, завесата во Ла Лига е спуштена. Шампион е Атлетико кој ќе игра во ЛШ заедно со Реал, Барселона и Севиља. Во Лига Европа одат Реал Сосиедад, Бетис и Виљареал, а во втора лига се селат Хуеска, Ваљадолид и Еибар.

За Атлетико Мадрид ова е 11-та титула во шпанското првенство и втора под водство на Симеоне кој претходно ја освои во сезоната 2013/2014. За Ел Чоло кој како играч на Атлетико го освои првенството и Купот во сезоната 1995/1996 ова е осми трофеј како нивен тренер.

Има по две титули во Ла Лига, Лига Европа и Европскиот Супер Куп и по еден Куп и Супер Куп на Шпанија.

Последната минута и славјето на Атлетико

Головите од мечот

23 мај 2021 - 08:55