Пријателството меѓу Марко Матераци и Жозе Мурињо е нешто посебно кое се роди спонтано во текот на двете сезони во кои Португалецот работеше во Италија.
Однос кој е далеку подлабок од едно класично меѓусебно почитување кое постои меѓу играч и тренер.
The Special One за време на престојот во Милано го освои целиот свет на Интер, кој беше секогаш на работ на ентузијазам и очај. Малкумина успеваат да запечатат таков белег кој останува неизбришлив во главите и срцата на фудбалерите и навивачите.
Иако како појава обично знае да демонстрира ароганција, тој знаеше да создаде мрежа на стабилни и трајни односи со неговите играчи. Пред сè со Матераци, кој беше импресиониран од вештините и човечките вредности на португалскиот стратег.
Не се заборава нивното збогување после финалето од ЛШ во 2010-та кога Интер го совлада Баерн Минхен. Тоа беше прегратка полна со емоции затоа што Матераци знаеше дека Мурињо го избрал предизвикот наречен Реал Мадрид.
Се гушнаа спонтано и природно, исто како што излегоа солзите од нивните очи. Солзи на двајца херои од историската сезона исполнета со тројна круна.
Мурињо во Интер ја немаше само улогата на тренер. Тој беше сè. Менаџер, мотиватор, психолог. Од светот на Нероаѕурите доби наклонетост, почит и бесконечна љубов.
Едноставно вечен, исто како што ќе останат вечни успесите кои успеа да ги постигне. Скудето, Куп на Италија и Лига на шампиони, сето тоа во една сезона за една славна историја која ќе остане.
Односот меѓу Мурињо и Матераци се базира на искреност и взаемно почитување. Се работи за двајца неприкосновени и неоспорени идоли кои уживаа поддршка кај навивачите на Интер.
Истите тие навивачи кои се возбудија кога годинава ги видоа повторно заедно на еден настан во Базел. Фотографија која Матераци ја објави на Инстаграм. Фотографија која ги врати навивачите на спомените поврзани со емотивни моменти. На незаборавни фрагменти од нивните најубави денови.
Фотографија која ги враќа во минатото, далечно, но секогаш актуелно. Славно минато од историјата на Интер во кое беше и нашиот Горан Пандев. Тоа беше приказна за еден тренер и неговите среќни играчи.
Уникатна емпатија меѓу вечно благодарните навивачи на Интер кои со цело срце би го пречекале назад човекот од Сетубал, кој или го сакаш или го мразиш, бидејќи е стварно заебан.