ПСЖ има проблем: Лорен Блан станува победнички тренер. Од тие правите тренери, способни да ја водат екипата на четири фронта. Блан е единствениот тренер во Европа кој сезонава може да освои четири трофеи. Пехар во првенството, во Лигата на шампионите, во францускиот Куп и Лига Куп.
И сето тоа со хировите на супер ѕвездите, повредите, казнетите играчи и пеколниот распоред. Ритам кој ѝ прави потешкотии и на управата на клубот, која сака да доведе погламурозно тренерско име.
Парадоксално, во Марсеј проблемот е сосема спротивен. И во поразите, како последниот од ПСЖ, управата се надева дека може да го убеди Марсело Биелса да остане на клупата. Единствена заедничка точка на двата тренери е што би можеле да се збогуваат на доброволна основа.
Лорен Блан и самиот призна дека е изморен од постојаните натписи за нов тренер на ПСЖ и негова смена. Така во Париз се носат Пеп Гвардиола, Жозе Мурињо, Диего Симеоне, Роберто Манчини. Дури и Рафа Бенитез кој знае како се освојува ЛШ.
ПСЖ како пред една година се наоѓа во четвртфиналето на ЛШ, каде ќе игра против Барселона и тоа без Ибрахимовиќ, Верати, Мота и Давид Луиз. Парижаните утре вечер го играат полуфиналето на францускиот Куп, дома против Сент Етјен, а во сабота играат финале на Лига Купот против Бастија. На Блан му останува уште една година од договорот, но од управата се расположени да го ослободат порано.
Во Марсеј, Биелса исто така има договор до 2016. година, но Аргентинецот веќе најавил дека е можно летово да го напушти клубот. Навивачите на Марсеј веќе почнаа со акцијата „Bielsa no se va“ (Биелса мора да остане), порака упатена до управата. Иако загуби од ПСЖ, Биелса и натаму е многу поомилен од претходникот Дидие Дешамп.