Кевин Гроскројц е не баш стандарден фудбалер на Борусија Дортмунд кој отпатува и се врати со злато од Бразил заедно со 23 члената делегација на Јоаким Лев. Но имаше голема среќа што воопшто беше во победничкиот состав на Германија.
Тој е роден за правење глупости и за него не важат никакви правила. Кога со репрезентацијата отпатувал во Лондон на пријателски натпревар против Англија, се вратил пијан во хотелската соба и уринирал по ходниците.
Гроскројц е дете и голем навивач на Борусија Дортмунд каде игра од 2009 година, а Јирген Клоп го испробувал на сите можни позиции на терен. Неговиот немирен дух очигледно не му дава да седи мирен на едно место, па игра во одбрана, но и во среден ред.
Тој има застанато и на голот на Борусија на меч од Бундеслигата против Хофенхајм во ситуација кога голманот добил црвен картон, а „Милионерите“ претходно ги направиле сите три измени.
Кога во 2011 година ја славеше шампионската титула во домашното првенство брливиот Гроскројц си ја избричи главата до пола и ја направи најлошата фризура.
Врв на неговите глупоштини е кога беше обвинет дека со Донер кебап удрил човек во лице, а од љутиот сос му го оштетил видот. За случката сведочел таксист кој изјавил дека човекот бил со размачкана маица, но тврдел дека немал ништо на очите.
И покрај тоа што Германците бараат голема дисциплина, 25 годишниот играч за сè, доби шанса да биде дел од составот на Лев и без ниту една одиграна минута се врати заедно со херојскиот германски тим.
За него дефинитивно има место во нашата рубрика.