Падот на Реаловата тројка низ бројки

Реал Мадрид испушти 11 бодови во 2015-та, за што најголема одговорност носи триото фудбалери кои блескаа до католичкиот Божиќ. Од тогаш наваму, не играат во препознатлива форма и веќе и го препуштија приматот на Барселона.

Бејл, Бензема, Роналдо или триото ББС на првите 15 првенствени средби сезонава дадоа вкупно 39 голови: Кристијано 24, Карим 8 и Герет 7, со што имаа висок просек од 2,6 гола по натпревар.

Од 17. коло и дуелот во Валенсија, дадоа 13 голови на 10 натпревари: Роналдо 5, Бензема 5 и Бејл 3.

Головите на Реал Мадрид: Во 2014-та, тимот имаше 15,2 шутеви по натпревар од кои дури 57% завршуваа во рамките од голот. По „Местаља“, бројката падна на 12 шутеви по натпревар со 45% во рамките од голот. Пред Божиќ, Реал Мадрид даваше 3,6 голови во просек, а од тогаш па наваму целиот тим е паднат на 1,8 и тоа на 10 натпревари во 2015-та. Во истиот период, Барса даде 35 голови, речиси двојно повеќе од „кралевите“.

Герет Бејл

Велшкиот крилен напаѓач последен пат даде гол на 24 јануари против Кордоба, од пенал. Од тогаш Реал Мадрид одигра шест првенствени средби на кој Бејл го продолжи постот. Против Виљареал, Атлетико, Елче и Севиља, Бејл немаше ниту еден шут во рамките на голот.

Кристијано Роналдо

Португалецот како да заспа откако го прогласија за најдобар светски фудбалер. Роналдо не даде гол на Светското клупско првенство, а од тогаш досега на 10 натпревари даде само 5 голови. На четири средби немаше ниту еден шут во голманските рамки. Против Еспањол, Кордоба, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Пред Божиќ, Роналдо шутираше 3,7 пати во просек по натпревар, а во 2015-та година просекот му падана на 1,4 шута по натпревар.

Карим Бензема

Французинот нема драстичен пад во бројот на ударите кон противничкиот гол како Бејл и Роналдо, но и кај него се забележува пад на формата. На последните пет натпревари, Бензема упати 13 шута, а голот не го погодуваше против Севиља, Атлетико Мадрид, Елче, Виљареал и Атлетик Билбао. Неговиот просек на шутеви пред Нова година беше 2,42, а по Нова година падна  на 1,4%.

Реал Мадрид утре го игра реваншот од 1/8 финалето на ЛШ против Шалке и тоа ќе биде шанса триото ББС подобро да го намести нишанот.