Италијанската јавност е шлогирана. Не можат да веруваат што ги снајде. По вторпат пропуштаат Светско првенство, а овојпат на патот им се испречија најхрабрите јунаци во историјата на македонскиот спорт.
Неверојатно. Ова е најчестиот збор во речиси сите италијански медиуми. Ноќта во Палермо им се претвори во кошмар.
Последните 2 минути и судискиот свиреж за делириум на Ренцо Барбера
Нова епска сензација на Македонија, четирикратниот светски првак е на колена
После натпреварот кој ќе се прераскажува со децении, италијанскиот селектор едвај смогна сили да изговори по некој збор.
„Минатиот јули ја доживеав најубавата радост во мојата кариера. Сега го доживувам најголемото разочарување во кариерата.
Ова е фудбалот, понекојпат се случуваат чудеснинешта. Тешко ми оди да ја анализирам средбата, не го паметам ниту резултатот.
Победата на Европско беше најзаслужена а после среќата која не пратеше се претвори во тотална несреќа, но кога се губи и се испаѓа треба и да се пати.
Не знам што да кажам. Можеби не требаше да дојдеме до овој момент. Имаше две ситуации кои нормално не се случуваат, доволна беше една. Да примиш гол во 90'. Ова е тим со одлични играчи, многу ми е жал за нив. На човечко ниво можам само да кажам дека уште повеќе ги сакам играчите од јуни.
Мојата иднина? Не знам, сега разочарувањето е преголемо. Прво треба да пројде малку време, но екипата има добри играчи и голема иднина“.
„Му благодарам на претседателот на федерацијата Гравина за довербата, но повторувам, тешко е сега да се зборува. Следните денови ќе бидат тешки. Дечките не заслужија да не одат на Светско. Кога се губи треба да се прифати и да се молчи. Сега се враќаме во Коверчано, тренираме па одиме во Турција да играме.
Што да кажам за натпревар на кој имавме 40 шута? Примивме гол на крајот и не знаеме ни зошто. Не знаеме веќе ниту зошто дојдовме до ова.
Освоивме Европско и бевме непоразени две ипол години и знам една работа, нашите играчи се одлични. Не е нивна вина ниту на претседателот. Прв одговорен сум јас. Кога се губи прв кривец е селекторот.
Кога се европски и светски првенства, репрезентацијата станува најважна, после е малку напуштена за разлика од тогаш. Имам ваков впечаток уште од времето, но мислам дека нема врска со поразот“.