Според мајското рангирање на ФИФА нашиот национален тим нема поместувања и останува онаму наде што беше претходно, на 77-та позиција, што е за очекување бидејќи македонската репрезентација не одигра натпревари периодов.
Тоа значи дека пред нас остануваат Сирија, Киргистан, Уганда, Кина, Јужна Африка, Курасао, Гвинеја кои вака според имињата би било фино да ги поминеме.
Во топ 10 ситуацијата исто така останува иста. Лидер е Германија, а потоа следуваат Бразил, Белгија, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Шпанија, Чиле и Полска.
И покрај тоа што бараше, ФФМ не успеа да најде противник за мајските и јунски термини предвидени за пријателски натпревари, што значи составот на Игор Ангеловски ќе го видиме директно во Лигата на нации која стартува во септември.
Од трите противници во нашата група Македонија е подобро рангирата. Ерменија се наоѓа на 98-мо место, Лихтенштајн на 181-во, а Гибралтар на 196-то.
Стартуваме со Гибралтар на гости на 6 септември.