Од преговори со Реал Мадрид до деби во 9-та лига

Некогашниот германски репрезентативец Никлас Зиле ја шокираше германската јавност откако пред пар месеци објави дека ја завршува активната фудбалска кариера. Се пензионира на само 30 години а причина за тоа се честите тешки повреди кои ги доживуваше. Имаше неколку операции, неколку пати имаше скинати лигаменти и веќе во очај поради тоа, решил да стави крај на кариерата.

А пред само некој месец имаше гласни најави дека Реал Мадрид се распрашувал за него и дека сакал да го ангажира од Борусија Дортмунд како ново засилување во одбраната.

Никлас Зиле сега игра во аматерски клуб во 9-та германска лига според хиерархијата. Некогашниот учесник во големото финале на Лига на шампиони дебитирал за својот нов тим Тифенбах.

Дал гол со глава но и покрај тоа изгубиле убедливо 7-2 од С Кирхард. Околу 500 гледачи дошле да ја видат неодамнешната ѕвезда од Бундеслигата чија кариера помина во дебати и дискусии за неговата тежина.

18 август 2026 - 09:45