Инвазија од он лајн апликации за влезници пред неколку дена имаше од страна на навивачите на Борусија Дортмунд кои сонуваат за титула во најелитното клупско натпреварување од 1997 година, а поради ограничениот број на билети, еден навивач на Борусија се обиде со пешкир уште од сега да си го сочува местото.
Инаку за само 24 часа дури 250 000 навивачи на Борусија аплицираа за билети, а потоа бројката порасна на половина милион. Капацитетот на стадионот „Вембли" е 86 000, од кои околу 50 000 им припаднаа на навивачите на двете екипи.