Цените на билетите на некои веб сајтови едноставно се апсурдни и чинат повеќе од годишна карта за било кој клуб од најсилните европски првенства. Одат во пакет по две и се продаваат за неверојатни 5.000 фунти.
Овие астрономски цени кои се рекламираат онлајн се всушност 60 пати поскапи од реалните кои ги нуди клубот преку својот веб сајт, а тие изнесуваат помеѓу 44 и 52 фунти.
„Секој лојален фан на Ливерпул ќе сака да присуствува на овој натпревар, но за жал некои со помалку емоционална приврзаност спрема клубот нудат нешто нереално. Ова е навистина срамно и бараме од клубот да преземе акција за таквите сајтови“, изјави портпаролот на Здружението на навивачи на Ливерпул.
Фудбалерите на Ливерпул во моментов се на челната позиција во Премиер лигата со два бода повеќе од Челси и четири од Манчестер Сити, со тоа што „Граѓаните“ имаат два натпревари помалку. Во случај на триумф и шест бода на Сити од двата заостанати дуела, тие повторно ќе остана први со само бод предност.
За да стигне до долго посакуваната титула во првенството за која Ливерпул сонува веќе 24 години, тимот на Брендон Роџерс потоа ќе треба да одигра до крајот без кикс и да победи на сите преостанати четири кола.
Инаку неделниот меч помеѓу Ливерпул и Сити ќе започне со задоцнување од 7 минути во чест на жртвите од големата трагедија на стадионот Хилсброу која се случи пред 25 години.