Гонзало Игуаин бил дебел, не можел повеќе да игра на високо ниво, а ниту ќе успеел заедно со Кристијано Роналдо во напад.
Многу погрешни проценки се направија за Аргентинецот кој отсекогаш се стремел и успевал во големи клубови.
Со оглед на формата во Премиер лига, печен беше после позајмицата во Челси, италијанскиот шампион повторно да се ослободи од него и да го прати на друга позајмица. Ама ќе се заебеше.
Игуаин покажува дека кога има желба и решителност, останува еден од напаѓачите кои загуба е ако го немаш во напад. Се соочи со жестоки критики, ама затоа се бори и сосема заслужено е првотимец во Јувентус.
По мечот против Баер имаше непреспиена ноќ поради аргентинското Суперкласико за да го гледа триумфот на својот Ривер Плејт, за кој пред 13 години даде два гола против Бока. Како и од адреналин после триумфот во ЛШ на кој постигна убав гол.
Со мислите сигурно е и на Сан Сиро, каде не се прослави со дресот на Милан, а таму во недела ќе игра против Интер кој ако слави ќе им избега 5 бода.
Клучот за овој одличен старт кој според многумина требаше да биде блед, е неговото спокојство. Во Милан, според перформансите и расположението, но и нејасната стратегија на клубот, не се знаеше каква ќе му биде иднината.
Во Јуве ја пронајде слободата на умот која му овозможува да биде подобар, со поголема самодоверба, но и со доверба од тие околу него.
Ако другите не веруваа, тој никогаш не се сомневаше дека и по втор пат може да успее. Таму го пронајде неговиот стар партнер од Реал со кој настапуваа заедно четири сезони на Бернабеу. Плус кој не би бил мотивиран покрај Кристијано?
Да не заборавиме и дека во Торино му е Маурицио Сари, човекот со кој ја одигра сезоната на кариерата. На страна тоа што беа заедно на Стемфорд Бриџ. За Наполи со него имаше 35 настапи на кои постигна 36 голови. Историски подвиг, бидејќи никој по далечната 1928/1929 не станал најдобар стрелец во Серија А со толкав број на погодоци.
По тој блесок Јуве искешира за него 90 милиони евра и го направи најскап јужноамерикански фудбалер во историјата, се до трансферот на Нејмар во ПСЖ следната година.
Игуаин се врати онаму каде што решеташе 55 пати за две сезони во кои стана шампион на Италија и онаму каде што му се Сари и Роналдо.
Стариот лисец му ја дава довербата, а тој ја користи. Непрестарен напаѓач со 31 година и таков багаж, не оди да го потцени човек. Погледнете колку малку му требаше за да ја опали против Баер Леверкузен.