Додека се крчка стартот во Русија и се бројат последните саати до отворањето кое сите го чекаме со душа, од Бундеслигата ни доаѓаат вакви вести:
„Експанзија на Сигнал Идуна во Борусија, најголемиот германски стадион ќе стане поголем“,
И кога ќе помисли човек дека кој знае што ќе му прават на стадионот, клубот уствари објавува проширување на капацитет од 81.359 на 81.365 седишта. Тоа е зголемување за цели ШЕСТ седишта повеќе.
Значи по реновирањето, Борусија Дортмунд за националните натпревари ќе може да прими 81.365 гледачи, а за меѓународните 66.099 или 248 повеќе.
🛠 #Infotweet: Durch Umbauarbeiten im @SIGNALIDUNAPARK ergeben sich für die Saison 2018/19 neue Kapazitäten:
— Borussia Dortmund (@BVB) June 11, 2018
🇩🇪 National: 81.365
🌍 International: 66.099 pic.twitter.com/z6JKWYFrYD
Колку и да го гледа некој ова како несфатлив градежен зафат и поместување, со оглед на тоа што 50.000 луѓе се на листа на чекање за сезонски билет, за навивачите на Борусија секое седиште плус е добродојдено.
Зборуваме за најверните фанови во Германија и едни од најверните во светот со кои Милионерите може да се пофалат дека станаа првиот германски клуб со рекордно забележано присуство од 81.000 навивач, кое се случи во сезоната 2015/2016.
Според официјалните бројки од сезоната 2016/2017, Бундеслигата бележи најголема посетеност во Европа со просечни 40.693 гледали, пред Премиер лигата која имаше 35.838. Потоа следуваа Ла Лига (27.609), Серија А (22.177) и Лига 1 (21.202).
Домаќинот на Мундијалот, Русија таа сезона држеше во просек по 11.415 гледачи, нешто помалку од Португалија (11.838).
И на меѓународна сцена никој не може со навивачите на Борусија.