Навивачите на Атлетико направија фешта со тоалетна хартија

Навивачите на Атлетико Мадрид, едни од најжестоките во Шпанија, ја оживеаа традицијата за добредојде со ролни хартии како што е славно на стадионите во Аргентина. Обичајот да се фрлаат конфети и ролни хартија за да се направи прекрасен спектакл станал популарен за време на Светското првенство 1978 во Аргентина а подоцна навивачите ширум светот само го копираа.

Во шпанска Ла Лига забрането е фрлање ролни хартија и конфети од трибините од оправдани безбедносни причини да се спречи пожар.

 

30 април 2026 - 11:28