По завршувањето на средбата Лучано Спалети отиде да се објаснува со еден навивач под трибина. Прво доби шише во рака, а за малку ќе добиеше и шамар, но навивачот го промаши.
Стратегот на Наполи објасни зошто бил толку револтиран.
„Позади клупата на Фиорентина не престануваа со навреди од почеток на мечот до крај. Пцујат без престан и тоа со деца околу нив. Цело време, мајка ти ова, мајка ти она, а мајка ми има 90 години кутрата. Секогаш се такви со навреди на цел натпревар“.
Tifoso #Fiorentina tira schiaffo a #Spalletti dopo #FiorentinaNapoli. Sono senza parole pic.twitter.com/cgOJ2CL3to
— Marco Lombardi (@marcolombardi24) August 28, 2022
Спалети на 1:30 ја повторуваше пцовката за мајка му која ја трпел 90 минути.
Инаку Елмас повторно не беше стартер и влезе во игра во 61-ва минута на местото на Зјелински.