Натпреварите на Манчестер Јунајтед се најисплатливи

И оваа сезона Англичаните ќе треба да издвојат цело богатство ако сакаат да ги следат во живо натпреварите на нивните омилени тимови, а според висината на цените и бројот на голови, највеќе им се исплаќа на навивачите на Манчестер Јунајтед, а најмалку на Арсенал.

Еден навивач на екипа од англиската Премиер лига во просек ќе треба да издвои 2.147 евра за да ги проследи сите домашни натпревари. Цените на влезниците и онака им беа високи, а оваа година тие пораснаа за 3%.

Статистички гледано, највеќе се исплати да посетите натпревар на Манчестер Јунајтед според головите кои тие ги постигнуваат. Просечна цена на влезница за еден натпревар на Манчестер Јунајтед чини 50 евра, што значи дека според бројот на постигна голови на домашен терен, секој гол навивачите на Јунајтед го плаќаат по 19,5 евра.

Следат Саутемптон, ВБА и Манчестер Сити, а најскапи се головите на Арсенал. Просечна цена на една влезница за натпревар на Арсенал чини 90 евра, па нивните навивачи за секој гол на домашен терен плаќаат по 43 евра.

16 август 2013 - 11:13