Наполи против енигмата Днипро, Фиорентина во Андалузија

Стручните соработници на сајтот на УЕФА, Паоло Менучи и Игор Линјук ги даваат своите предвидувања за полуфиналниот дуел од Лигата на Европа на Сан Паоло. Наполи го освои овој куп во 1989. година кога Марадона беше предводник на екипата.

НАПОЛИ - ДНИПРО (21.05)

Предности:

Паоло Менучи - Гонзало Игуаин игра во одлична форма, но тој не е единствениот адут на италијанскиот состав. Креативните и динамични играчи како Марек Хамшик, Дрис Мертенс, Џонатан де Гузман, Маноло Габиадини, Хозе Марија Каљехон и Лоренцо Инсиње му даваат на Рафаел Бенитез многу опции во нападот.

Игор Линик - Днипро ја игра најдобрата сезона во последните 25 години, под водство на тренерот Мирон Маркјевич. Днипро е трет во украинското првенство, со само бод помалку од Шахтјор Донетцк (ќе играат меѓу себе во 1/2 финалето на домашниот куп).

Слабости:

Паоло Менучи - Наполи во просек дава повеќе од два гола по натпревар во Лигата на Европа сезонава. Во Серија А, Неаполитанците досега постигнаа 57 голови, но од друга страна примија 39 голови што е најслаб учинок на првите 9 екипи во Италија.

Игор Линик - Днипро е најгруба екипа во досегашниот тек од ЛЕ со 199 направен фаули. Украинците заработија и најмногу жолти картони (43), повеќе од кој било клуб во европската лига. На неколку играчи им се заканува суспензија ако добијат жолт картон пред реваншот. Повреден им е главниот играч Роман Зузулија. Една од послабите точки на Днипро е што нема освоено ништо во последните години.

Форма:

Паоло Менучи - Непостојаноста е проблем за Наполи сезонава. Партенопеите играат топло - ладно. По слабите настапи во последните 2 месеци, следуваше убедливиот триумф против Волфсбург со вкупен резултат 6-3 во четвртфиналето. Неаполитанците заредија и три победи во Серија А, со што се приближија на само три бода од третото место кое води во квалификациите за ЛШ.

Игор Линик - 64-годишниот тренер на Днипро свесно ги ротира сите играчи. Клучниот фудбалер Јевген Конопљанка игра во одлична форма, а тоа го докажа на претходните нокаут дуели против Ајакс и Клуб Бриж.

Нокаут педигре:

Паоло Менучи - Наполи игра за прв пат после 1989. година во полуфиналето на овој Куп. Пред 26 години го кренаа трофејот во тогашниот Куп на Уефа со Диего Марадона. Во меѓувреме, тренерот Рафа Бенитез го освојуваше и Купот на Уефа и Лигата на Европа и Лигата на шампионите, што значи дека е мајстор за нокаут фазата.

Игор Линик - Тренерот Мирон Маркјевич играше во четвртфиналето на ЛЕ со Металист Харков во сезоната 2011/12. Днипро е ново лице во полуфиналната фаза.

Клучен играч:

Паоло Менучи - Игуаин даде 26 голови во сите натпреварувања сезонава, но 27-годишниот Аргентинец има и многу асистенции. „Тој е најдобар фудбалер во Серија А во моментов. Моќен напаѓач од светска класа и права 10-ка. Привилегија за Серија А е што има таков играч“, изјави неодамна Звонимир Бобан, кој работи како стручен консултант за Скај Спорт.

Игор Линик - Голманот Денис Бојко неодамна дебитираше за украинската репрезентација и е полн со самодоверба затоа што на пет натпревари во Лига Европа не прими ниту еден гол. Наполи треба да внимава и на Конопљанка и на Раслан Ротан.

Можни состави:

Наполи: Андухар, Маџо, Албиол, Бритос, Гулам, Инлер, Давид Лопез, Инсиње, Хамшик, Габиадини, Игуаин.
Днипро: Бојко, Федецки, Даглас, Чеберјачко, Лео Матос, Канкава, Ротан, Федорчук, Лучкевич, Конопљанка, Калиниќ.

ЛЕ полуфинале, први натпревари:
21:05 Севиља - Фиорентина
21:05 Наполи - Днипро 

7 мај 2015 - 11:50