Баерн Минхен – Манчестер Јунајтед
- По серија од 60 мечеви на сите натпреварувања фудбалерите на Баерн Минхен изминатиот викенд не успеаа да постигнат погодок. Со поразот од Аузбург ја прекинаа серијата од 53 мечеви без пораз во Бундес лигата.
- Со победничката серија од 10 меча во Лигата на шампионите, Баварците го минаа рекордот на Барселона од 2002/2003 кој имаа девет победи во низа.
- Трикратниот европски првак Манчестер Јунајтед последен пат беше во полуфиналето во 2011 година, додека петкратниот европски шампион Баерн Минхен е во обид да стигне до трето полуфинале во низа.
- Германците се непобедливи во дуелите со Манчестер на домашен терен и имаат скор од 2 победи, 2 нерешени и ниту еден пораз.
- Последен пат овие две екипи во четвртфиналето се сретнаа во 2010 година кога Баерн отиде понатаму со вкупен резултат 4:4 поради гол повеќе на гости. На „Олд Трафорд“ резултатот беше 3:2, а на реваншот на „Алијанц арената“ 2:1.
Според прогнозите на Типстер Баерн е апсолутен фаворит.
Атлетико Мадрид – Барселона
- На досегашните 106 меча на сите натпреварувања, Атлетико е подобар на домашен терен од Барса со 50 победи, 33 порази и 23 нерешени.
- На првиот меч Барселона го одбележа 100-от нерешен резултат на европските натпреварувања и го прими 250-от гол.
- Каталонците до сега на ова натпреварување успеале да остварат најмногу успешни пасови 6.301, а лидер во тоа е Чави со 1.015 индивидуални додавања.
- Барселона нема пораз на последните седум меча на кои има само едно реми.
- Последната победа на Атлетико над Барселона се случи во февруари 2010 година кога триумфираа со 2:1.
Благ фаворит на овој дуел Типстерите сметаа дека е Барселона.