За ривалството со Баерн Минхен:
„Одете по светот и најдете ми екипа која што може да стане шампион во иста лига со Баерн Минхен. Ако завршиме втори летово, ќе најдам камион и ќе возам по дворот. Ако никој не ми се придружи, ќе возам сам“.„Ние имаме брод и стрела и ако стреламе добро ќе ја погодиме метата. Проблемот е што Баерн има базук. Можноста тие да ја погодат целта е далеку поголема. Но тогаш Робин Худ беше поуспешен“.
За честите повреди на Матс Хумелс:
„Ќе го чекаме да закрепне како што добра жена го чека мажот ѝ од затвор“.
За триумфот над Баерн Минхен:
„Кога Дортмунд победи последен пат овде во Минхен пред 19 години, многумина од моите играчи уште цицаа млеко“.
За купувањето на Хенрик Михтарјан:
„Михтарјан ни одговара како задник на ве-це школка. Го нуди тоа што ни треба“.
За разликата меѓу него и Арсен Венгер:
„Тој сака да има посед, да игра фудбал со додавања. Како оркестар, но со тивка музика. Јас сакам повеќе хејви-метал, сакам да биде гласно“.
За помирувањето со поразот:
„Кога го давав првото интервју, бев многу разочаран. 10 минути подоцна ми беше подобро, а за 30 минути веќе се почуствував како да сме победиле.
За исклучувањата:
„Горд сум на мојот прв црвен картон како тренер. Му се приближив на четвртиот судија и му кажав: Колку грешки се дозволени овде? Ако се дозволени 15, тогаш имаш право на уште една“.
За прашањето на навивач на Шалке каква е тајната за освојување на Бундеслига:
„Како на слеп човек да му објасниш која боја е“?
За мотивирањето на неговиот тим после очајно прво полувреме:
„Им кажав на играчите за време на паузата: Кога веќе сме дошле овде, да поиграме малку фудбал ако не“.
За неговото гледиште на фудбалот:
„Емоционално е, многу брзо, многу силно, не е досадно. Секако има тактика, но тактика на големо срце. Тактичките работи се многу важни, не може да победиш без тактика, но емоцијата ја прави разликата“.
За креирањето на стил во Борусија:
„Навивачите не треба да нè препознаваат само по нашите црно-жолти дресови. Дури и да играме во црвено, секој на стадионот треба да помисли: Вау, ова мора да биде само БВБ“.
За тики-така стилот на Барселона:
„Не ми се допаѓа. Не сакам да победувам со 80% посед на топка. Извинете, но тоа не е доволно за мене. Сакам фајтерски фудбал, не ведар. Што би рекле во Германија: „Англија, дождлив ден, лош терен, 5 на 5, секој е извалкан во лицето, оди дома и не може да игра фудбал со недели“.
За неговото пресадување на косата:
„Да, вистина е. Носам пресадена коса. И мислам дека резултатите се кул, нели?“.
Како ви помина одморот и дали го чекавте Баерн Минхен?
„Долго време во животот немав пари да одам на одмор. Сега имав четири месеци и беше навистина кул. Бев со семејството, играв многу тенис, учев фудбал насекаде во светот".