Фудбалскиот клуб Рованиемен Палосеура или на кратко РоПС стана познат откако во 2011-та година 9 нивни фудбалери беа суспендирани заради местење натпревари.
Но освен по лоши работи, фудбалерите на РоПС се познати и по јуначки дела, односно редовното тренирање на ниски температури.
Во овој дел од Финска температурата во зимскиот период паѓа и до -47 степени, преку ден фудбалерите тренираат на -14, а имаат играно и на многу поладно.
На овие температури дури и домашните фудбалери имаат проблеми со дишење, а на странците им требаат неколку недели за да се навикнат. Во моментов таму играат тројца Нигеријци, Мексиканец и еден фудбалер од Ел Салвадор.
Запознајте ги јунаците од Рованиеми: