Дали судијата треба да даде сигнал за изведување на слободен или индиректен удар? Не. Судијата е должен да го намести растојанието од живиот ѕид кое треба да изнесува 9,15 метри од топката. Од таа причина често еден фудбалер стои пред топката додека неговиот голман не го намести живиот ѕид, затоа што противникот има право да шутира и да постигне гол додека тие се местат и без судиска дозвола.
Во март 1998. година на мечот меѓу Шефилд Јунајтед и Порт Вејл, Дин Сондерс изнајде итро решение кога ја изведуваше топката од аут и постигна гол. При 1:0 за неговиот тим и на две минути до крајот, Сондерс го искористи излетот на противничкиот голман Пол Маслуаит кој ја исфрли топката во аут. Сондерс подоцна призна: „Сум пробувал такви работи на тренинг, но ниту еднаш на натпревар. а грбот на голманот беше толку широк што не можев да го промашам".
1/8 финале на Лигата на шампионите, сезона 2006/2007. Манчестер Јунајтед играше на гости против Лил во Франција. Мечот беше спокоен до 83. минута кога гостите добија слободен удар. Времето минуваше, играчите на Лил бавно се местеа во живиот ѕид, а голманот од линијата ги корегираше. Во еден момент Гигс шутираше несметано, без судиската свирка и го погоди празниот гол. Погодокот беше признат, иако судијата не даде сигнал, фудбалерите на Лил предолго го местеа ѕидот.
Во декември 2004. година, на Хајбери играа Арсенал и Челси. Во 29-та минута од мечот при резултат 1:1, Лампард и Макелеле направија фаул над Пирес. Анри не чекаше многу, го изведе фаулот и му даде гол на Чех кој беше далеку на другата статива. Тоа беше 150-ти гол за Французинот во Премиер лигата, играчите на Челси го нападнаа судијата Грем Пол, а Мурињо здиве. За среќа на Челси, мечот заврши 2:2.
На пријателски меч на неколку недели пред Евро 2012, во Прага играа Чешка и Унгарија. Резултатот беше отворен веќе во 6. минута. Додека половина чешки играчи се местеа во живиот ѕид, фудбалерот на Динамо Москва, Балаж Џуџак мудро шутираше во подалечниот агол. Се според правилата. Англискиот судија Ли Проберт даваше инструкции да се изведе фаулот, но тоа не го спаси Петр Чех.
5 септември 2014 година, во Москва на отворањето на ултра модерното здание на Спартак гостуваше белградска Црвена Звезда. Играа пријателска и тоа беше прв меч на Откритие Арената. Мечот заврши 1-1, а првиот историски гол го даде Дмитри Комбаров кога го искористи невниманието на гостинскиот голман. Комбаров не доби сигнал од судијата, но го изведе фаулот шутираше во голот и постигна погодок.
на 12. декември 2009. година, дефанзивецот од Хондурас Мејнор Фигуероа даде гол за Виган против Стоук од својата половина. Играчите на Стоук направија обичен фаул точно на средината на теренот. Судијата досуди фаул и додека домаќините се враќаа на своите позиции, Фигуероа ја шутна топката и му даде неверојатен гол на Томас Соренсен од дури 60 метри.
Подоцна голот го доби признанието Гол на сезоната во неколку избори.
Во 24. коло од шпанската Примера во сезоната 2011/2012, Барселона го победи Атлетико Мадрид благодарение на итриот погодок на Лионел Меси. Во 81-та минута при резултат 1:1, Педро заработи слободен удар по прекршокот на Габи. Куртоа долго го местеше живиот ѕид, Меси го забележа тоа и постигна прекрасен гол за 2:1.