Младинците на Осогово слават трофеј во дресови на Бразил

Да ја разбиеме Олимпијадата малку со фудбалски Куп на Македонија, ама младински. Колегите од macedonianfootball.com, најнеуморната спортска редакција специјализирана за макфудбал, извади јака ретро фотка од 1996-та. На неа се младинците на Осогово, како на Градски го слават Купот на Македонија.

Целта им било да го комплетираат историјатот на финалиња од младинскиот куп на Македонија од независноста до денес. Ја нашле во поранешниот неделник СКОК, во архивата на Универзитетската библиотека во Скопје. Браво за трудот дечки.

Еден од коментарите под објавата со слично ретро на тема младински Куп на Македонија.

Сите младински финалиња тука.

18 февруари 2026 - 14:28