Малиот Раул, новото дете на Реал го урна Јувентус

Новиот тренер на Реал Мадрид Чаби Алонсо изненадно и неочекувано летово доби засилување од своите редови, од школата на „кралскиот клуб“. 21-годишниот Гонзало Гарсија летово веќе запиша 5 настапи за првиот тим на Реал и има 3 гола и 1 асистенцие. Благодарение на него „кралевите“ одат во четвртфинале на Светско клупско првенство откако со 1-0 го совладаа Јувентус со гол токму на младиот Шпанец.

Понатаму во четвртфинале, во следна фаза на Светско клупско првенство оди и Борусија Дортмунд која со 2-0 го совлада мексикански Монтерес за кого настапуваат Серхио Рамос и Серхио Каналес. 

2 јули 2025 - 07:43