Пред четири месеци капитенот на Македонија во интервју за Газета дело Спорт изјави дека има три желби пред да оди во пензија.
Првата беше Џенова да избори опстанок, втората е да игра уште една сезона, ако е можно во Џенова, ако не во друг клуб и третата Македонија да се пласира на ЕП 2020 за што ги чека полуфинале против Косово во Лига на нации.
Како што може да се забележи, две веќе му се исполнети. Џенова на драматичен начин успеа да опстане во Серија А, а овој клуб му понуди и нов договор за уште една сезона.
За него ова ќе биде петта сезона во Џенова и трета по ред во која му го продолжуваат договорот на една година. Тоа е доказ плус колку е ценет и колкава е неговата желбата сè уште да се надигрува, без разлика на годините.
Gianlucadimarzio.com пишува дека му е добро во Џенова, а клубот го смета како важна фигура во соблекувалната.
Пандев изминатава сезона имаше 28 настапи од кои 12 како стартер на кои постигна 4 гола. На еден од нив Луиџи Ферарис беше во страшен делириум бидејќи го постигна против Јувентус со што му го нанесе првиот пораз во сезоната.
Andrea Carretti, the stadium PA announcer for Genoa, posted the below video on his Instagram of the moment after Goran Pandev scored against Juventus this past weekend. GP's goal gave Genoa a 2:0 lead (they won by that scoreline).
— Macedonian Football (@MacedonianFooty) March 19, 2019
Pretty cool. Love the passion from Carretti 👍 pic.twitter.com/BNpqtCjEJU
Џенова не штедеше зборови и по ремито на Сан Паоло каде подели топка со очи.
„Дами и господа, почит за Горан Пандев, кој на речиси 36 години ги учи “децата“ како се игра фудбал. Игра со срце и желба. Фудбалер кој е симбол на денешницата. Благодарност пред сè за професионалноста која ја имаш“
Горан сезонава ќе ја памети по многу нешта: Гол против Јувентус, опстанок изборен во последно коло, јубилејни 100 меча за репрезентација, шести странски фудбалер во Серија А со минимум 400 настапи...
Патот во Серија А му одеше вака: Анкона (2003/2004), Лацио (2004-2009 декември), Интер (2010 јануари-2011), Наполи (2011 - 2014), Џенова (2015-). Прекин во Италија имаше само во сезоната 2014/2015 кога заигра за Галатасарај.
Според нашите калкулации, за Пандев следната сезона ќе биде 16-та во Серија А, а не 18-та како што пишува Gianlucadimarzio.com, бидејќи Википедија обично за вакви работи брои точно: 1 во Анкона, 5 во Лацио, 2 во Интер, 3 во Наполи и 5 во Џенова со се последната во најава 2019/2020.
Ретко кој друг фудбалер на позиција напаѓач која захтева многу трчање, се решил во исто време да се повлече и од клуб и од репрезентација.
Замислете која круна за неговата кариера би била пласман со Македонија на ЕП 2020 кога ќе има скоро 37 години.