Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и официјално вечерва станува втор фудбалер во историјата со 100 настапи за Македонија. По тој повод претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски му подарија специјален дрес, златна плакета и сребрен медал за заслуги за развојот на македонскиот фудбал.