Во средина се знае кој е, легендарниот Ванчо Таковски (1956 - 2013), човекот кој овие деца желни за фудбалска кариера, ги фрли во оган на турнир каде се пријавуваат 40 екипи од цел свет. Поделени во 10 групи по 4 тимови, Беласица беше во четвртата група каде не успеа да освои бодови во друштво со Бари, Перуџа и Килмес од Аргентина. Но затоа на 17 годишното момче по име Горан токму на овој турнир му се отворија вратите. Око му фрлија скаути на Интер и веќе во следното издание на Вијареџо Куп, истиот тој Горан се појави во дрес на Интер и го освои турнирот. Останатото е историја.