Шпекулациите за идниот тренер на Манчестер Јунајтед за кои се пишуваше изминативе денови, денеска и официјално ги потврдија од клубот кој се реши за тригодишен договор со 62 годишниот Луи ван Гал.
Тој во моментов ја извршува селекторска функција на Холандија, а по ангажманот на Светското првенство во Бразил, ќе почне со работа на „Олд Трафорд" заедно со неговиот иден асистент Рајан Гигс.
Во соопштението на „Црвените ѓаволи" стои дека клубот се решил за докажано искусно име со преку 20 години тренерска работа и освоени титули во три земји, исто како и трофеи на меѓународни натпреварувања.
Најголемите успеси Ван Гал ги одбележа со Ајакс со кои подигна 11 пехари, меѓу кои три домашни титули, потоа титула во Лигата на шампионите во 1995 година, Лига Европа, Супер Куп на Европа и Интерконтинентален Куп.
Меѓународната афирмација Ван Гал ја потврди со четири освоени пехари со Барселона кон крајот на 90-те, како и тројната круна со Баерн Минхен пред четири години.