Логото на Лига на шампиони е пример за идеален дизајн - не се менува 30 години

Парадоксално и необично, ѕвездичките ги симболизираат 8-те најдобри клуба во Лига на шампиони кои не стигнале до финалната фаза, односно оние 8 клуба кои испаднале.

Во 1980 година УЕФА решила да менува нешто со Купот на европски шампиони.

Проблем №1 биле жестоките хулигани (особено британските). Ѓаволот ја однел шегата во 1985 година кога во финалето на Купот на европски шампиони на стадионот „Хејсел“ во Брисел загинале 39 луѓе од кои повеќето Италијанци и навивачи на Јувентус.

Хулиганите од Ливерпул ја срушиле оградата и тргнале да се пресметаат со италијанските тифози. Како резултат на стампедото се срушила една трибна во која загинале 39 лица.

Англиските клубови добиле 5-годишна забрана за учество во еврокупови.

Проблем №2: европските топ клубови сакале друг формат. Претендирале да се смени системот на испаѓање уште од прва рунда, затоа што големите клубови често испаѓале во рана фаза.

На пример во сезоната 1986/87 торински Јувентус во осминафинале го совладал Реал Мадрид на пенали, а во четвртфинале влегле уште и Бешикташ, Брондби и Андерлехт. Титулата ја освоил Порто.

Најголем критичар на форматот бил Силвио Берлускони кој во тоа време владеел со Милан и италијанскиот гигант Mediaset. “Купот на шампиони остаре. Просто нон-сенс е кога клуб како Милан може да испадне уште во прва рунда“, рекол Берлускони.

Тогаш раководителие на најсилните европски клубови дале идеја за реформа. Во 1991 година УЕФА побарала помош од маркетинг компанијата TEAM за ребрендирање на Купот.

После една година најголемиот европски турнир добил нов назив, химна и лого.

КОЈ ГО ДИЗАЈНИРАЛ ЛОГОТО?

Фамозното лого со ѕвезди го создал Фил Клементс - дизајнер и основач на презнижната компанија Design Bridge. На конкурсот се пријавиле повеќе од 50 проекти, а крајното решение го донеле во седиштето на УЕФА.

„Ги закачија на ѕид сите варијанти и го избраа моето“, се сеќава Клементс.

Скицата била речиси иста како финалната верзија, но се појавил проблем и имало некои измени. За да ги заштити правата, Клементс ја барал верзијата во поткровјето на седиштето.

„Потоа ја дадов УЕФА на суд. Не знам каков однос имаше тоа со авторските права, но сакав да им докажам дека логото го правев под нивно покровителство. Долго морав да копам на таванот за да го најдам оригиналот и да го покажам на суд“, раскажал Клементс.

Дизаjнерот објаснува дека една од главните причини за популарноста на логото е неговата универзалност.

„Логото не застаре ниту по 28 години затоа што е направено така да може да лежи на секаква позадина. За гледачите на телевизија тоа е многу важно“, вели Клементс.

А логото најубаво „легнало“ на топка. Прва таква топка направил Adidas во 2000 година - бела основа и серија ѕвезди. Фил се сеќава дека на неговиот шеф не му се допаднала топката, но тој настојувал на дизајнот кој на крај и УЕФА го бендисала па ден денес се игра со тие топки.

Во 1994 година компанијата TEAM која го водела маркетингот на УЕФА спровела анкета и дознала дека 94% од фудбалските навивачи ја препознаваат топката.

„Дури и кога им покажавме топка со ѕвезди без натписот Лига на шампиони, веќе ја препознаваа. Тоа говори колку логото стана апсолутно независен симбол на турнирот“, рекол Ричард Ворд од TEAM.

ШТО ОЗНАЧУВА ЛОГОТО НА ЛШ?

Создавањето на Лига на шампиони не подразбирало само нова естетика, туку и нов формат. Групната фаза се појавила веќе во последниот Куп на европски шампиони (сезона 1991/1992, освојувач била Барселона на Јохан Кројф), но во УЕФА сакале дополнително да ја зголемат важноста.

Новата Лига на шампиони вклучувала 32 клуба од кои остануваат 8 кои се делат на две групи по 4 тима и до крај полуфинале и финале.

Осумте ѕвезди на логото на ЛШ фактички ги симболизираат осумте клуба кој испаднале од турнирот. 

Во првата Лига на шампиони во групата А се паднале Марсеј, Ренџерс, Бриж и ЦСКА Москва. Во групата Б биле Милан, Порто, ПСВ и шведски Гетебор. Според правилата победниците на групите оделе во финале. Првото финале во историјата на новата ЛШ било меѓу Марсеј и Милан на „Олимпијаштадион“ во Берлин пролетта 1993 година.

Францускиот клуб победил 1:0 а победничкиот гол го дал Базил Боли.

*****

Во едно неодамнешно интервју за англискиот Independent Клементс се пожалил дека долго време не го поканиле на меч од ЛШ.

„Одеа само славни фаци, а тивкиот и скромен дизајнер остана во сенка“, рекол Клементс.

Фил првпат дошол на меч од Лига на шампиони во 2003 година кога го гледал италијанското финале Јувентус - Милан во Манчестер (0:0 па 3:2 на пенали за росонерите).

Но него најголем впечаток му оставил моментот пред почетокот:

„Кога бев на „Олд Трафорд“, на кругот од средината на теренот еден дечко ја косеше тревата. Тој неверојатно ги отслика ѕвездите со логото на ЛШ на тревата. Беше многу добро“, памети Клементс.

Од моментот на создавање на логото во 1992 година, тоа неколку пати доживеало ситни промени, воглавном во натписите УЕФА и Лига на шампиони.

Како било:

Какво е денес:

За крај, Фил вели:

„Мислев дека со тек на време ќе го менуваат, но логото остана култно. Многу ми е драго поради тоа што до денес не е кардинално сменето“.

5 март 2019 - 15:11