ФЕЕНОРД - РОМА (21:05) - Првиот дуел на Олимпико во Рим (1:1) беше прв официјален натпревар меѓу овие два тима во УЕФА.
- Составот од Ротердам е непоразен на последните пет натпревари на домашен терен против италијанските екипи, со учинок од 2 победи и 3 нерешени средби.
- Рома загуби на двете последни гостувања во Холандија.
- Феенорд има четири победи по ред на домашен терен во ЛЕ сезонава, а Рома нема триумф на последните шест средби во Европа годинава (3 порази и 3 нерешени).
- Феенорд нема победа во пролетното издание од Лигата на Европа (Куп на Уефа), по сезоната 2001/2002 кога на домашен терен го освоија ова натпреварување. Феенорд славеше во финалето против Борусија Дортмунд.
- Пред средбата со Феенорд минатиот четврток, Рома на последните два дуели од ЛШ на домашен терен прими дури 9 голови (7 од Баерн и 2 од Манчестер Сити).
- Рома се наоѓа во длабока физичка и психолошка криза, затоа што после поразот од Сити има учинок од 9 нерешени средби и еден пораз на последните 14 натпревари.
Можни состави:
Феенорд - Вермер, Буларуж, Бек, Конголо, Нелом, Класи, Вилена, Ахмади, Боетиус, Казим-Ричардс, Тормстра.
Отсутни: Лук Вилшер, Лекс Имерс (сусепндирани).
Рома - Де Санктис, Холебас, Торосидис, Манолас, Јанга-Мбива, Де Роси, Наинголан, Пјаниќ, Жервиљо, Тоти, Љајиќ.
Отустни: Маикон, Ибарбо, Итурбе, Кастан (повредени), Стротман и Балѕарети (нерегистрирани)
ФИОРЕНТИНА - ТОТЕНХЕМ (19:00) - Тимот од Фиренца сè уште не примил гол на последните четири домашни средби против англиски екипи.
- На последните три натпревари на Тотенхем во ЛЕ паѓаа помалку од три голови.
- Тотенхем има негативен учинок во Италија, каде Спарси загубиле три пати, два пати ремизирале а само еднаш победиле.
- Фиорентина победи на само еден од последните пет натпревари во Фиренца (1 победа 2 нерешени 2 порази), а Тотенхем загуби само еднаш на последните пет гостувања сезонава во ЛЕ (2 победи 2 нерешени и 1 пораз).
- Сезонава во ЛЕ, Фиорентина даде 12, а Тотенхем 10 голови. И двете екипи примија по пет голови во групната фаза.
- Досега играчите на Фиорентина добија 11 жолти картони, а фудбалерите на Тотенхем два помалку. Тимот од Лондон има и два црвени картони, а Фиорентина еден.
- Тотенхем ќе има поддршка од околу 2, 300 навивачи на Артемио Франки вечерва.
Можни состави:
Фиорентина - Нето, Томовиќ, Родригез, Басанта, Пасквал, Аквилани, Пизаро, Фернандез, Жоакин, Гомез, Салах.
Отсутни: Џузепе Роси, Федерико Бернандески и Борха Валеро (повредени)
Тотенхем - Лорис, Вокер, Фацио, Вертонген, Дејвис, Паулињо, Мејсон, Дембеле, Чадли, Ериксен, Солдадо.
Отсутни: нема.
Двојки и резултати од првите натпревари во 1/16 финале од ЛЕ:
Динамо Москва - Андерлехт (0:0 прв натпревар)
Зенит - ПСВ Ајндховен (1:0)
Борусија М. - Севиља (0:1)
Легија - Ајакс (0:1)
Динамо Киев - Генгамп (1:2)
Салцбург - Виљареал (1:2)
Бешикташ - Ливерпул (0:1)
Фиорентина - Тотенхем (1:1)
Интер - Селтик (3:3)
Евертон - Јанг Бојс (4:1)
Атлетик Билбао - Торино (2:2)
Бриж - Алборг (3:1)
Олимпијакос - Дњипро (0:2)
Наполи - Трабзон (4:0)
Фејнорд - Рома (1:1).