Кристијано Роналдо за малку ќе станел врвен пингпонгар

Надалеку е позната анегдотата кога Рио Фердинанд „го искинал“ на пинг-понг пред соиграчите од Манчестер Јунајтед кои урлале и се смееле, па Роналдо кивен што изгубил, го натерал брат му да му купи маса за пинг-понг и се усовршил.

„Пинг-понг е мој најомилен спорт веднаш после фудбалот. Сакам да гледам пинг-понг, многу сакам да го играм“, вели Кристијано во автобиографијата под наслов Momentos и додава:

Како помал, многу се навлеков на "малиот тенис", спорт кој е многу популарен во мојот роден град Мадеира. Таму има неколку пинг-понг клубови и школи како на пример Сан Роке, Ештреита или Камара ди Лобош.“

***

Кристијано излегол од дома во 1997 година кога се преселил во академијата на Спортинг Лисабон. На почеток му било многу тешко затоа што поради мадеирскиот дијалект ништо не го разбирале, а тој сам никако не можел да се навикне на локалните деца или да живее сам во интернат со нови правила.

Најмногу му фалеле неговите. За да биде на линија со нив, купил телефонска картичка и два-три пати неделно им се јавувал од говорница. Плачел секогаш кога ќе ја добиел мајка му.

Со адаптација на новото место најмногу му помогнал помошниот тренер во Спортинг, Леонел Понтеш кој се родил исто на Мадеира. Понтеш го возел Крис на тренинг и во школо.

„Роналдо беше најстојчив во сè зошто сакаше да биде најдобар во сè: во пинг-понг, во голем тенис, во трчање, во атлетика. Мислам дека една од причините за неговиот успех е што секогаш сакаше повеќе“, се сеќава Понтеш.

Со тек на време малиот Кристијано се адаптирал во Лисабон, а во слободно време меѓу тренинзите навечер скришно влегувал во теретана за да вежба или играл пинг-понг.

„Во Спортинг продолжив да играм пинг-понг. Во салата за слободно време имаше многу маси и долго време минував да играм пинг-понг со соиграчите. Еднаш тренерот на Спортинг по пинг-понг ми кажа: „Видов како играш, и мислам дека може да станеш многу добар тенисер. Сакаш ли да ни се придружиш?“

"Не, не, фала. Сакам да станам фудбалер а пинг понгот ми е хоби, а не спорт каде сакам да станам професионалец“, одбил Роналдо.

Тренерот не престанал да го убедува Кристијано Роналдо и секојпат одново добивал негативен одговор.

„Не знам дали пинг-понгот изгубил добар играч, но знам дека ден денес ми се допаѓа таа игра. Да не се фалам, мислам дека го играм многу добро. Тие што мислат дека имаат шанси со мене, на крај губат“, рекол во 2009-та година Роналдо во едно интервју.

****

Во тенискиот клуб Спортинг работел Жоао Монтеиро, еден од најдобрите португалски пинг-понг играчи на сите времиња.

„Кристијано сакаше да игра и често го посетуваше нашиот клуб со другарите, бараше рекетки и топчиња. Не играше којзнае колку многу, но беше задоволен. Играв со него неколку пати и пробав да му објаснам некои работи: беше многу приемчив и брзо учеше. Знаеше дури и да удира топ-спин (кога топката се удира силно при враќањето). И покрај тоа што пинг-понгот му беше хоби, тој секогаш се стремеше да ги победи другарите“, раскажува Монтеиро.

А кога не ги победувал, седнувал над масата и размислувал. Патрис Евра, легендарниот бек на Манчестер Јунајтед еднаш раскажал една анегдота за Крис и Рио Фердинанд.

„Еднаш Рио го победи Роналдо во пинг пинг. Сите викавме и се смеевме, а Кристијано тоа многу го изнервира. После го прати брат му да му купи маса за пинг-понг. Тренираше две недели а посте го победи Фердинанд пред сите нас. Тоа е Кристијано Роналдо“.

Петкратниот добитник на „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот, продолжил активно да игра пинг-понг и во Шпанија кога играше за Реал Мадрид.

Една анегдота раскажал и познатиот шпански судија Итуралде Гонзалес.

За време на првиот меч на Кристијано Роналдо во Ла Лига, Итуралде му пришол на Португалецот во тунелот и му рекол: „Еј, Кристијано, ти си бил голем дрдорко, многу зборуваш.“ А Роналдо му одговорил: „Јас никогаш збор не сум кажал за судиите. Ништо не сум рекол“. -Не, не за судиите. во интервју за Marca кажа дека си бил добар во пинг-понг. Треба да знаеш дека јас сум најдобар во пинг-понг.

„Роналдо ме погледна и рече: ’Јас сум број еден во фудбал и во пинг-понг“ и истрча на теренот. Кога се разминавме за време на првиот следен меч од далеку ми покажуваше пинг-понг движења“, се сеќава Итуралде.

Во пролетта 2018-та, Марсело на ЈуТјуб направил видеоблог на кој става материали од базата на Реал. Еднаш се снимал од собата за разонода во клубот и додека играле пинг-понг на пријателот му рекол:

„Знаеш ли кој е најдобар во пинг-понг тука. Кристијано. Бил најдобар во Спортинг, тренирал во клупската база и за малку не станал професионалец. Игравме со него, вака игра (раскажува Марсело и ги имитира движењата на Португалецот).“


***

Што се случило со масата за пинг-понг благодарение на која Кристијано се усовршил после поразот од Рио, не се знае. Можно е да останала во Манчестер. Роналдо никогаш не играл пинг-понг пред камера, но во 2010 снимал реклама за лисабонската банка Banco Espirito Santo и во еден момент таму игра одличен пинг-понг додека го снимаат.

Роналдо 10 години не зборувал за пинг-понгот и само после преоѓањето во Јувентус одново признал што му е голема љубов: „Ми се допаѓа UFC, сакам да гледам борби. Сакам да гледам и тенис, кошарка. Но пинг-понгот ми е втор најомилен спорт во кој сум многу добар.“