БиБиСи извади статија од 19 септември 2004-та во која изјава дава тренерот на Челси после лондонското дерби против Тотенхем кое заврши 0:0.
Интересното во приказнава е што тренерот се вика Жозе Мурињо, човекот кој многу натпревари во различни клубови во кариерата има добиено со дефанзивна игра која е недопадлива за око.
За Мурињо тоа беше првата сезона во Премиер лигата и уште на стартот беше отворен и директен во изјавите и обвини за нешто кој потоа тој го практикуваше со години. Е ај сега најди му го крајот.
„Како што велиме ние во Португалија, го донесоа автобусот и го оставија пред гол. Би бил фрустриран ако сум навивач кој дал 50 фунти да го гледам овој меч, бидејќи Спарси дојдоа да се бранат. Фрустриран сум затоа што имаше само еден тим кој гледаше да победи, а тие дојдоа само да не примат гол. Не е фер за фудбалот кој го играме“, стои во дел од изјавата на Мурињо дадена пред 14 години.
А не дека не го цени тој начин на игра за кој го направија пуздер, а тој прв почна да негодува. Одиме со неговата изјава дадена како тренер на Челси во 2015-та:
„Пред се имам големо почитување кој возачите на автобус. Треба да бидеш многу многу добар за да бидеш возач на автобус. За да паркираш автобус, ти треба помош. Без помош ќе направиш судар. Затоа дел од заслугата оди кај возачите или тренерите кои знаат како да паркираат автобус. Фудбалот се состои од моменти. Многу е тешко на еден меч од прва до последна минута да играш иста игра. Понекогаш доминираш, а понекогаш ти доминираат. Понекогаш противникот ти игра врвен фудбал и ти треба во тој момент да играш поразлично, што не е лесно. Исто така и возачот на автобус треба да има многу искуство и многу тренинг за да го паркира автобусот. Во фудбалот треба време и работа за да се разбере тоа. Понекогаш чувствувам дека моите момци навистина работат напорно и кога ќе излезат на терен не е така секогаш како што посакуваат“