Џанлуиџи Буфон е човек со идеална репутација и целосна доверба од навивачи на многу клубови.Џиџоне е добра верзија на Тоти: верен на клубот и барем јавно никогаш ништо не барал за возврат. Но на крајот од '90-те години, идната легенда на светскиот фудбал, ја прошол фазата младост-лудост. Имал неколку киксови и спорни моменти.
Буфон почна да брани во составот на Парма и бил радосен како што беше радосен и младиот Донарума.
Ама најдобриот италијански голман на сите времиња ќе го памети 26 септември 1999-та засекогаш. Работата не е баш со фудбалот.
СПОРНАТА ПОРАКА КОГА РЕАГИРАЛА ЦЕЛА ЈАВНОСТ
На еден меч против Лацио, Буфон се појавил во голмански дрес на кој со маркер било напишано Boia chi molla. Така и дал интервју во микс-зоната.
Фразата е тешко да се преведе за да се долови, но звучи отприлика: „Проклет да е кој ќе предаде“. The Guardian подоцна го превел како Death to cowards (Смрт за кукавиците).
Во Италија оваа парола ја сметаат за неофашистичка, иако корените одат уште подлабоко.
Според една верзија, неа ја смислиле противниците на неаполскиот крал Фердинанд IV во последните денови од Партенопејската република (или Неаполска република која што постоела до 21 јуни 1799).
Според друга верзија, фразата Boia chi non molla првпат се појавила за време на „Пет дена во Милано“ - востание кое станало дел од војната за обединета Италија.
„Не знаев ништо за тоа. Просто сакав да кажам дека ние нема да се предадеме“, се правдал Буфон.
Италијанската фудбалска федерација не ја интересирала објаснувањето, и голманот на Парма добил казна од 5 милијарди лири (денес 2.500 евра).
НО ЦЕЛАТА ПРИКАЗНА НЕ ЗАВРШИЛА ТУКА
Пред стартот на сезоната 00/01, Буфон пак ја разбранил јавноста. Не со неговите одлични одбрани, туку со тоа што се откажал од единицата и избрал да носи број 88.
Нејасно е што имал на ум, но јасно е дека бројот 88 е познат по лозинката 14/88, односно кодиран поздрав Heil Hitler (буквата H во латиничната забука стои на осмо место, па оттука 88 за Хајл Хитлер).
Тогаш еврејската заедница во Италија бурно реагирала, а сликите од дресот на Буфон се разлетале по светот. Италија се сети на Boia chi molla и веднаш го осуди потегот на младиот голман.
Буфон го нападнаа весници и новинари дури доаѓале кај мајка му на врата:
„Оние кои го напаѓаат син ми, треба да се срамат да помислат на такви работи (дека носел дрес со поздрав за Хитлер“.
Се кренала голема врева, па самиот Џиџи свикал прес-конференција и појаснил што му била намерата. Во тоа лето Џиџи се врати после повредата поради која го пропушти епското Евро 2000 и според него бројот 88 бил симбол на издржливост.
„Го одбрав 88 зошто ме потсеќа на 4 меча. Во Италија знаеме дека да се има јајца е синоним за храброст, сила, решителност. Сезонава мене ми требаа тие карактеристики за да го вратам местото во репрезентацијата. Но на почеток не одбрав 88, сакав да играм под бројот 00 но од лигата не ми дозволија, ми одговорија дека не може. Ми се допаѓаше и 01 зошто тој број беше на колата од серијата The Duke of Hazard. Не знаев за скриеното значење на 88. Цела таа нацистичка поврзаност ми нанесува болка. Спремен сум да го сменам бројот ако тоа некако помогне.
Џиџи го одржал ветувањето и го одбрал бројот 77 со кој бранеше неверојатно добро и заслужи голем трансфер во Јувентус. Во ПСЖ носеше број 18, а откако се врати во Јувентус одбра одново 77.