Кога англичаните си немаат работа

Што прават англичаните кога имаат повеќе слободно време? Ги бројат имињата во англискиот фудбал.

Немајќи попаметна работа, англичаните решија да ги пребројат имињата на 2.400 фудбалери од 92 клубови кои се натпреваруваат во четирите професионални лиги.

Заклучокот е дека во англискиот фудбал сега има повеќе фудбалери кои се викаат Горан (Попов во ВБА), од Најџел. Во минатото имаше повеќе фудбалери кои се викаа Најџел, а до минатата сезона ги имаа Де Јонг и Рио-Кокер, но првиот сега игра во Милан, а вториот е без клуб, па така англискиот фудбал остана без Најџел.

Доколку се состави прв тим од начестите имиња на фудбалери во Англија, тој би изгледал вака: Дејвид (46 фудбалери), Дени (46), Крис (44), Џо (38), Мајкл (37), Џејмс (36), Пол (36), Адам (34), Марк (33), Ли (31) и Рајан (30).

18 септември 2012 - 12:12