
Сега веќе извесно време работи како советник за фудбал во компанијата Ред Бул која поседува неколку клубови на разни континенти.
Клоп открива дека новото поглавје во животот му дава повеќе слободно време за се што претходно не можел да постигне.
„Некој скоро ми рече 'ти наскоро пак ќе бидеш тренер'. Но моите длабоки чувства не го прифаќаат тоа. Не ми недостига ништо (од тренерската кариера). Сакав да бидам тренер, но не беше сушна потреба за мене.
Се навикнував да бидам во тунелот, но никогаш не бев сам со себе. Сега посветувам многу повеќе внимание на себеси. Колку чудно и да звучи, прекинав да ги правам работите што секогаш сакав да ги правам. Но тоа ме истурка премногу далеку од нормален живот. Што и да значи тоа нормален живот: мојата кола имаше три насоки - до стадион, до тренинг кампот и дома. За жал и кога имав многу гости во Ливерпул, тешко наоѓав време за нив. Во последните четири месеци бев на две свадби а претходно за 23 години на ниту една. Не го сакам тоа повеќе.
Сега мојата работа ме прави задоволен и уште е захтевна. Не спијам доцна наутро и не легнувам доцна, но можам подобро да ја организирам мојата работа. Жена ми на пример е пресреќна што можеме да планираме многу подобро отколку претходно“, вели трофејниот тренер за германски Велт.