Фудбалерите на Арсенал загубија со 2:1 во реванш полуфиналето од ЛШ против ПСЖ. Можеа да го направат финишот поинтересен и понеизвесен, ако Бакајо Сака го наместеше нишанот. Само три минути после голот, имаше златна шанса и за втор со кој ќе израмнеше 2:2, но ја дувна несмасно и тоа на празен гол.