Како Ханси Флик направи чудо со Барселона?

Ханс-Дитер Флик ја презема Барселона кога други бегаа и се криеа од управувачкиот хаос кој владееше на „Камп Ноу“. Прогнозерите и предвидуваа на Барселона втора сезона без титула. И покрај тоа, Барса во моментов е најјака европска екипа, освои два трофеи до мај месец и се бори за уште два!

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: Epa Images

Германскиот тренер Ханси Флик е најзаслужен за препородот на Барселона. Тој е една од главните причини на успехот а рецептот за тоа се неколку ставки:

ДОВЕРБА - ГО НАГОВОРИЛ РАФИЊА ДА ОСТАНЕ

Хански Флик веќе еднаш влезе во историските учебници откако освои тројна круна со Баерн Минхен после што го формулираше главното правило за успех: „Три елементи се поважни од се во тимот: прва е довербата, втор е квалитетот на составот, трет способност да се ужива на теренот“.

Довербата е - фундамент со кој Германецот почнал да ја гради новата Барса.

„Тој е чесен човек, ти го кажува тоа што го гледа. Немаш чувство дека нешто крие или премолчува“, рекол еден играч на Барса за The Athletic.

Друг извор од соблекувалната потврдува: „Тој има јасна претстава што сака да прави. Флик беше многу директен со играчите од почеток. Ги увери дека се полни со талент. Со некои играчи разговараше одвоено на почетокот на сезоната за да ги убеди дека им верува. И тоа не беа празни зборови“, вели некој друг извор од Барса.

Најдобар пример за таков разговор е Рафиња. Бразилецот сега е најголем фаворит за „Златна топка“ а минатото лето сериозно размислувал да замине за Саудиска Арабија зошто бил како кажал „морално скршен“. Неодамна во интервју за најголемиот бразилски спортски лист Globo, Рафиња рекол дека токму беседата со тренерот пред почеток на сезоната го убедила да остане во Барселона.

„Мислев да си одам ама Флик ми кажа дека ќе ми довери шанса ако останам. И јас му поверував“.

Резултатот го знаете сите: Рафиња ја игра најдобрата сезона во кариерата: 30 гола и 23 асистенции на 50 натпревари, повеќе од претходните две сезони заедно. Бразилецот е еден од најдобрите играчи на светот во моментов.

Во Лига на шампиони игра најдобра сезона од сите бразилски играчи кои низ историјата играле во ЛШ (12 гола + 7 асистенции), со што го повтори рекордот на Лионел Меси, а во моментов по број на голови во една сезона е само зад Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо.

Флик исто разговарал подоцна и со стоперот на Барселона Ињиго Мартинез кој во тој момент не бил регистриран за Барса и се спремаше да си оди. Ги разгледувал варијантите за Саудиска Арабија но Флик настојувал играчот да остане. Мартинез му одговори со супер настапи во одбраната (одигра дури 42 натпревари досега сезонава) и во март го продолжи договорот на уште една година.

ДИСЦИПЛИНА. КАКО ГО НАУЧИЛ ЖИЛ КУНДЕ ДА НЕ ДОЦНИ?

Германскиот тренер апсолутно како и секој Германец бара точност, прецизност и дисциплина.

„Тоа е почит кон Ханси. Најглавно негово правило е точноста. Сите се должни на време да се појават на секоја средба. Ако не го сторите тоа нема да играте. Фудбалерите се опкружени со повеќе соработници кои многу работат за максимално да се искористи нивниот потенцијал. За да се уважи работата на секој во клубот многу е важна навременоста“, вели еден од блиските луѓе во стручниот штаб на Барса за Атлетик.

Најголем проблем со тоа имал Жил Кунде. Херојот на последното „ел Класико“ кој постигна прекрасен гол во продолженијата вреден титула во Купот, три пати сезонава не бил во почетен состав и во сите три случаи било поради доцнење: во август (Алавес), во септември (Еспањол) и во февруари (Рајо Ваљекано).

Кунде сфатил дека Барселона победува и без него па се опаметил на време и веќе никогаш не доцнел.

Ињаки Пења исто страдал поради недисциплина - поради доцнење го изгубил старното место до крај на сезона. Во отсуство на подолго повредениот Марк-Андре Тер Штеген, Шпанецот требаше да биде сигурно број еден. Потоа дојде Воичех Шчесни кого го потпишаа во октомври кога тој веќе ја заврши кариерата. Го донесоа за резерва на Пења.

„Среќен сум што Шчесни е со нас но тоа ништо не менува. Нема причини поради кои Ињаки не би требало да брани“, рекол тогаш Ханси Флик.

Но се сменило јануарското доцнење (или доцнења) на Пења. Пред полуфиналето на шпански Суперкуп со Атлетико Ињаки Пења доцнел на собирот пред натпреварот во Саудиска Арабија. Веднаш проработело правилото на Флик - шанса доби Шчесни а Пења остана резерва на клупа. Барса победи 2:0 и од тогаш Пољакот го истисна Шпанецот од првиот тим цела сезона.

Флик чесно и отворено го кажал својот став за Ињаки Пења: „Можно е во Шпанија да има друг менталитет, но јас сум должен да кажам зошто се крена голема врева. Фудбалерите се професионалци и тие мораат да доаѓаат навреме. Ова (доцнење) се случува веќе трет пат, затоа јас немав друг избор“.

Од јануари месец Пења не застана на голот ни една минута.

Секако дека покрај дисциплинска, основна причина зошто Шчесни го смени Пења е и играчка. Флик објасни подоцна дека го избрал Полјакот поради карактерот и стилто на игра. Во Шчесни тој видел играч кој му фалел пред крајот на 2024-та. Тој е искусен и е команден глас во одбраната.

ДРЕС КОД

Тука исто најмногу требал да работи Жил Кунде. Французинот се облекува буквално апстрактно и е најчест пример на потсмев на друштвените мрежи каде се објавуваа слики од него облечен во чудни гардероби.

„Во еден момент повеќе личеше како да оди на модна ревија отколку на фудбалски натпревар“, кажал еден од изворите од Барселона за Атлетик.

Флик веднаш им кажал да доаѓаат на натпреварите само во клупската спортска опрема со цел да се концентрираат ан работата. После судиската свирка за крај имаат целосна слобода кога ќе го напуштат стадионот.

Дрес кодот на Флик го погодил и претседателот на Барселона Жоан Лапорта. Кога тој еднаш со другите шефови дошол во деловен костим на пред-сезонски подготовки во САД, Ханси Флик побарал од него следен пат да облече нешто помалку формално, пишува Relevo. На следниот тренинг на екипата, Лапорта дошол во спортска опрема.

ЗАБРАНА ДА СЕ ЗБОРУВА СО СУДИИ

„На еден од првите состаноци им кажа на играчите да не се расправаат со судиите. Затоа што екипата треба да се посвети на себе“, вели новинарката на COPE, Кондис Едо.

Интересно е што Флик во декември го исклучија откако бурно реагираше за досуден пенал за Бетис. Барселона во жалбата пишала дека тренерот не се спорел со судијата туку дека емотивно реагирал.

КРАЈ ЗА ПАРИЧНИ КАЗНИ

При Чави играчите за доцење биле казнувани по пет илајди евра. Секоја следна казна се удвојувала. Флик смета дека за професионалци парични казни немаат смисла. Секој треба да сноси одговорност не само пред тренерот туку и пред екипата. Затоа Германецот претпочита фудбалска казна со седнување на клупа за резерви.

МЕНТАЛНА РАБОТА. КАКО ИЗГРАДИЛ ПОЗИТИВНА И РАБОТНА АТМОСФЕРА?

Кога замина од Барселона, Чави рече: „Моја порака до следниот тренер е: Ти ќе патиш. Ова е страшно тешка работа и треба многу, многу трпение“.

Во октомври Флик и Чави се сретнаа. Германецот дошол на гости кај неговиот претходник, легендарниот шпански фудбалер и таму рекол дека го цени многу.

„Нашата соблекувална е неверојатна, тука сите се грижат еден за друг. Ми се допаѓа тоа што го гледам. Мислам дека создадовме една врска не само меѓу играчите туку и со целиот персонал во позадина. Секој чувствува дека е важен за проектот“, вели Ханси Флик.

Во деновите кога има домашни натпревари екипата тренира наутро, потоа оди со автобус во хотел, па од таму на стадион. Така играчите цел ден се заедно.

Сега Барселона ја чека полуфинале на Лига на шампиони, двомеч со Интер и во меѓувреме четвртиот сезонски дуел против Реал Мадрид, овојпат во Каталонија каде можеби ќе се решава шампионската титула.

Кој е најдобар асистент во Европа во моментов?

30 април 2025 - 13:30